Дома Археологија Погрешни археолошки впечатоци – Римскиот форум во Стоби

Погрешни археолошки впечатоци – Римскиот форум во Стоби

4,710 views
3

 

Во последниов период се зголемија написите посветени на така наречениот Римски форум во Стоби, што е и сосема нормално со оглед на неговата атрактивност, како и моменталните археолошки ископувања (1,2,3,4,5).


Ископување на Римскиот форум во Стоби – 2007

И покрај тоа што археолошкиот локалитет Стоби претставува своевиден музеј под отворено небо и непресушен извор на информации за цивилизациите кои имале шанса да бидат жители на овој град низ столетијата, она на кое што сакам да обрнам внимание, не е всушност Римскиот форум (кој го земав за пример), туку севкупноста на постоечките архитектонски објекти во овој антички град.


Реконструкција во 3D на Римскиот форум во Стоби

Имено, шетајќи низ споменатиот локалитет човек може многу лесно да се пренесе од сегашноста во еден древен свет за кој останале да сведочат само камените монументални зданија. Да проба, да ги замисли за момент животните прикаски на старите Стобјани, нивните желби, мечти, страдања… Но исто така може многу лесно да се загуби низ вековите. Oд проста причина поради тоа што ,,она кое го гледате денеска во Стоби никогаш во ниту еден момент од постоењето на градот не изгледало така, туку се должи на долгогодишните археолошки ископувања, заштита и конзервирање на објектите“. Значи сите тие форуми, куќи и останати градби од јавен (профан) или сакрален карактер потекнуваат од различен период и оној кој не ја познава доволно историјата и историјатот на градот, може многу лесно да добие погрешен впечаток дека Стоби игледал онака, како што го гледа во моментов. Истото важи и за Скупи, како и за можеби најпознатиот локалитет под отворено небо – Ефес (Ephesus) во Турција, каде на прсти можат да се набројат градбите кои потекнуваат од ист временски период.

[youtube]K4Z_renqz7A&e[/youtube]

Rеконструкција на Куќата на Партениј (Стоби)

Од друга страна базата на податоците за римските куќи секако најмногу ја добиваме од античкиот Рим. Но, дури и во стариот Рим со текот на вековите се менувал изгледот на куќите, па тие денеска представуваат мешавина од стилски епохи. Всушност ние целосно и потполно ги запознаваме формата и изгледот на римските градски населби откако биле откриени градовите Помпеја (Pompeii) и Херкуланум (Herculaneum) кои во 79 год. н.е. ги затрупала ерупцијата на блискиот вулкан Везув (Vesuvius). Кога бил симнат покривот од пепел (инаку ископувањата траат се уште) се покажал град со улици и продавници, јавни згради и приватни куќи, во кои се сочувале сите апарати, сликарски и вајарски украси, мебел и огромен број на предмети за потребите на секојдневниот живот. Во тој поглед Помпеја е еден од најзначајните археолошки вредности на сите времиња и таа придобивка му припаѓа на целиот свет.

Инаку секој археолог во текот на својата кариера би посакал да пронајде добро конзервиран и совршено зачуван град како Помпеја или Херкуланум. Звучи прилично бизарно, a?


Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот strumjan. За статијата можете да гласате тука.


Клучни зборови: archaeology, ancient, roman, town, Stobi, Macedonia, археологија, антички, римски, град, Стоби, Македонија

3 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to Археолошки дневник vol.3 » Домот и домувањето во Римскиот период

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име