Дома Археологија Разговор со Кире Ристов – денес стартува ископувањето на локалитетот Таор

Разговор со Кире Ристов – денес стартува ископувањето на локалитетот Таор

4,216 views
8

Денеска продолжуваат археолошките ископувања на локалитетот ,,Градиште Таор” на кои и јас самата имам учествувано два пати. Ова е една мала кампања која ќе трае не повеќе од две недели поради финансискиот капацитет на проектот. Овој локалитет можеби споро, но секако упорно си го завзема своето место на Археолошката карта на Македонија. Му благодарам на мојот колега м-р. Кире Ристов од Музејот на Град Скопје – раководител на овие долгогодишни ископувања, кој сваќајќи ја предноста на интернетот како медиум, ми даде дозвола за обајвување на фотографии, свој научен труд и официјално соопштение за почетокот на ископувањето. Но пред тоа неколку информации во однос на овој локалитет.

Местоположбата на археолошкиот локалитетот ,,Градиште” – с.Таор

Местоположбата на археолошкиот локалитетот ,,Градиште” – с.Таор се наоѓа на 20 км југоисточно од Скопје. За прв пат е откриен пред повеќе од сто години од англискиот патеписец Артур Еванс (Arthur Evans), кој на местото на античкиот град Скупи (Scvpi) го препознал се уште изгубениот град Јустинијана Прима (IUSTINIANA PRIMA), а во селото Таор – родното место на царот Јустинијан Први (Iustinian I), Taurisium . Во историската хронологија овој локалитет се поврзува со големиот император Iustinian I, најмногу според податоците изнесени од неговиот биограф Procopius. Според историографот Procopius тој се родил во местото наречено Taurisium, во близина на кастелот наречен Baderiana. Населбата била разрушена во големиот земјотрес од 518 година, чиј епицентар бил на местото од денешно Скопје, во кој меѓу другите настрадало и античкото Scupi . Iustinian I за да му се оддолжи на своето родно место, го обновува и доградува. Во негова непосредна близина ја гради преубавата и волшебна IUSTINIANA PRIMA, како град-седиште на неговата архиепископија.

Проучувањата на теренот покажаа дека во Таор навистина постои тврдина, датирана од VI век, со 4 кули (тетрапиргија). Како што забележал Procopius, 6 км источно од Таор лежи крајпатен каструм крај селото Бадер со остатоци од IV-VI век. Можеби вистинското име му било Baderiana, која Procopius ја посочил како најблизок патоказ. Важно е да се забележи дека имињата на селата Таор и Бадер се од предсловенско потекло, што укажува на тоа дека можно е да биле изведени токму од Taurisium и Baderiana. Дури во 2000 година започнуваат систематските ископувања водени од археологот Кире Ристов и Музејот на град Скопје.

Првите истражувања на теренот евидентираа атрефакти од раното бронзено време (кои се спорадични и без паралелен културен слој како контекст). Подоцна ќе биде откриен дел од бедемот кој ја обиколувал населбата. Вниманието досега го привлекуваат делови на две јавни градби, од кои поинтересна е втората, за која истражувачите сметаат дека претставува атриум. Атриумот наведува на помислата дека тука треба да се очекува постоење на поголем објект од јавен карактер. Ова зборува дека во периодот на доцната антика од IV-VI век, но и подоцна, населението на овие простори имало активен живот. За тоа сведочат големиот број на монети, накит, керамички садови, предмети од стакло за секојдневна употерба, остатоци од панцир, орудија, оружја и други атрефакти.

од мојот пост – По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima”

[slideshare id=60342&doc=archaeological-site-of-taor-5431&w=425]

За овогодишните ископувања, м-р Кире Ристов вели:

Според висината на финансиските средства решивме оваа година да одиме на откривање на јужната кула каде што се спојуваат западниот и источниот бедем. Оваа кула е т.н. бастион, така именувана од претходните истражувачи на овој простор. Јужно од неа е ископан одбрамбен ров кој се уште се распознава на теренот.

Тоа ќе биде само еден дел од нашата задача каде ќе биде поставена сонда со димензии 5х5 м. Втората сонда која ја планираме би требало да биде вдолж западната траса на бедемот и во зависност од конфигурацијата на самиот терен таа ќе биде поставена или на еден дел од таа траса, или на северната страна од истиот бедем, за да потврдиме дали на таа страна од бедемот воопшто има кула.

Во текот на истражувањата планираме да поставиме уште две контролни сонди кои ќе бидат во внатрешноста од бедемот, а во западната страна на населбата, каде што всушност се наоѓа Акрополот. Ова е со цел да се види стратиграфијата на повеќе места од Акрополата на оваа населба.

Во PDF-фајлот (кој може да го симнете тука), може да се прочита како и врз база на што м-р. Кире Ристов двои што е акрополот на населбата, што е долна тераса, а што е подградие.

Јустинијан Царичин град Теодора

 Од друга страна во Србија, на локалитетот Царичин Град каде веќе еден век траат ископувањата, нашите соседи скромно се надеваат дека можеби ќе ја најдат Јустинијана Прима. Меѓутоа она кое им фали и дефинитивно може да го потрвди нивните надежи е пронаоѓање на натпис, што во археологијата е навистина ретко, но не е невозможно. Е сега дали Царичин град е или не родното место на овој имепратор веројатно ќе покажат археолошките ископувања. А дали IUSTINIANA PRIMA навистина постоела и каде била изградена останува археолошка загатка која многумина би сакале да ја одгатнат.

Досие ,,ТАОР”

“Откриена” нова археолошка атракција – 2001-07-02
Јустинијана Прима најверојатно е во Таор 2001-07-06
Откриен панцир од византиски офицер 2001-12-27
Уредување на археолошкиот локалитет “Таоресиум” 2002-03-28
Откриени атриум и фурна 2002-09-14

ТАЈНИТЕ НА ЕДЕН ГРАД СЕ УШТЕ МИТ 2002

Јустинијана Прима на дваесет километри од Скопје? 2002-09-14
Ќе ја открие ли Таор мистеријата на Јустинијана Прима 2002-10-05
Дали Царичин град е родниот град на Јустинијан 2006-10-16

8 КОМЕНТАРИ

  1. […] Јустинијана Прима кај Чучер – Сандево? Последниот антички владетел од Таор По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ?  Разговор со Кире Ристов – денес стартува ископувањето … […]

  2. […] – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје […]

Leave a Reply to Разгледниците од археолошкиот локалитет Таор и моето враќање кон теренските истражувања » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име