Home Археологија Како се станува споменик на културата, без човечки траги

Како се станува споменик на културата, без човечки траги

5,951 views
1

 

Сакав на интернет да најдам некоја дефиниција која би го опишала терминот Landscape of memory, но не пронајдов ништо прикладно. Затоа ќе се обидам со свои зборови да ви доловам што значи оваа терминологија, која понекогаш може но и не мора, да биде поврзана  со Archaeology of memory.

Пејсаж или предел на меморијата се делови од природата кои имаат културно значење за заедницата, но во нив не постојат траги од човекова материјална култура. Повеќе се значајни од некој социо-антрополошки аспект и поради тоа се покренува постапка за нивна заштита. Во светот некои од нив се толку високо издигнати, што се ставени дури и под заштита на UNESCO и ICOMOS.

Како споменици од културно значење, без човекови траги во вид на некоја градба или споменик, сами по себе можат да се рагледуваат од културолошки, симболичен, етнографски, историски или некаков друг аспект. Овие места не мора нужно да спаѓаат во MOW (Memory of the World), но може меѓу другото и да се места на кој се случил некој важен настан од историјатот на државата во која се наоѓаат. Да поедноставам.

Во Австралија на пример под заштита на спомениците на културата е ставена плажата каде што прв пат стапнал Џејмс Кук. Е сега доаѓа прашањето, од каде знаат австралијанците дека Џејмс Кук стапнал баш на таа плажа, а не на некоја друга? Да не се случајно зачувани неговите стапалки во песокот? Но, не е поентата во тоа, туку во начинот на кој тие ја штитат и ја презентираат својата културна историја.

Ако ги погледнете кои се на пример критериумите за едно место да се стави под заштита на UNESCO и колку тој процес трае долго со изискување на многу високи критериуми и залагањето на одредената држава во чии рамки егзистира тој локалитет, станува јасно дека нималку не е едноставна постапката некое место кое воопшто нема трага од човеково дејание, да се прогласи за споменик на културата.

Па ако веќе го следиме светот и научните тенденции, нашата држава би била вистинско ,,Ел Дорадо” во културна смисла на зборот. Би предложила еден роул модел. Бидејќи никако не можеме да се справиме со третирањето на нашите локалитети во културен предел, тогаш е подобро да направиме попис и секоја рурална педа од Македонија да ја ставиме под заштита како Пејсаж на меморијата. Дури подоцна можат да ни се појават и некои сеќавања. 🙂

Чинам дека ова е еден од начините за популаризација на културното наследство. Инаку во македонскот речник терминот ,,популаризација” е попознат како вулгаризација.

Дополнување: Текстот беше публикуван во изданието на Нова Македонија, број 21103, 

1 COMMENT

  1. […] години светот се справува со нова мода: да прогласи споменик на културата без на него да има човечки траги. Ние и она кое го имаме не можеме да го сочуваме, а камо […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here