Дома Археологија Зошто нема културен туризам во Македонија

Зошто нема културен туризам во Македонија

1,618 views
0

Македонија нема средени археолошки локалитети и туристички понуди за да привлечат гости од странство. Брендот „Македонија“ потенцијалните туристи го доживуваат како историски податок некаде во маглината на далечното минато.Според археолозите има само три недоистражени археолошки локалитети, кои не нудат ништо ново.

Прескапи сме! Поскапи сме од Дубаи!“.

Ова се основните причини зошто тури за посета на нашите локалитети и манастири – нема. За да се развива културен туризам во земјава, прво треба да се истражат археолошките локалитети.

Домашните туристи не се информирани каде се наоѓа Стоби. Што ако имаме стотици локалитети кога немаме приказна?!Немаме стратегија за туризам и имаме прескапи хотели.

А Македонија е привлечна туристичка дестинација.

Девет дена во Македонија за 898 евра.

Турите во Македонија се тројно поскапи од турите во Грција


Ова не е мое мислење. За да ви заштедам време и нерви, ова се хајлајти од километарскиот напис во Дневник кој прави една сублимација од катастрофалната туристичка понуда на Македонија, наменета како за македонците така и за странците. Не помага ни тоа што навеле линк кон туристичкиот портал Exploring Macedonia кога реализирањето на било наведено мало задоволство ќе ве кошта баснословно.

А ова се хајлајти од еден мој предходен текст на гореспоменатата тема.

Не знам кој треба да се стави на оптуженичка клупа, што нашиот културен туризам ни е доведен на ова дереџе. Имаме предуслови за многу видови на туризам…алтернативен, селски, воден, екстремен…итн, итн…како и мудрото искористување на занаетите и музиката од овој регион.Наместо да почнеме со офанзивни кампањи, на нашиве телевизии не им текнува да направат ни една скапана репортажа.

Создадена е една ментална нерамнотежа кај граѓаните кои се тотално дезиориентирани во однос на нивното културно наследство, критичната маса секој ден се зголемува се повеќе, а многумина се само колатерална штета на таа масовна појава.

Отворете го само туристичкиот водич за Македонија кој секако не можете да го најдете во ниту една туристичка агенција. Ако тоа сепак ви се случи, ќе прочитате невистинитости, печатни и граматички грешки, сосема нерелевантни податоци за градовите и спомениците кои уз тоа се и немеродавни. А него треба да го земе во рака секој странски турист кој ќе дојде овдека.

И немојте после да се прашувате зошто нема културен туризам во Македонија.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име