Бидејќи Волан прилично добро го елаборирал археолошкиот локалитет Струмин гроб, крај Струмица, на кој вчера свиреа Синтезис во рамките на својата мини турнеја по културно историските споменици во Р. Македонија, јас би го дополнила со еден мал додаток.
Според Археолошката карта на Р. Македонија, Струмин гроб навистина е археолошки локалитет од средниот век, со сите параметри кои се запишани за местото. Во 1959 год.при орање, во близината на гробот биле откриени и уништени гробови од турскиот период. Во 1983 година извршено е сондажно ископување, но не е откриен движен материјал.
Инаку и јас очекував од струмичани дека ќе отидат на концертот, и можеби ќе закачат некое клипче на You tube…но…
Во секој случај браво за Синтезис, јас ќе ги чекам пак во Скопје, за да се изнауживам.
Од мене толку. Поздрав. Се гледаме следната сабота во Чифте амам. 🙂
p.s. текстот беше оригинално постиран кај Волан како коментар.
[…] Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство Струмин Гроб & Синтезис – дополнување Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? […]