Издавачката куќа и книжарница ,,Матица Македонска”oд 7 до 15 мај во својот салон организира акција во која можете да купите книги од областа на археологијата, историјата, етнологијата, архитектурата, културното наследство, романи, поезија итн. Книгите по цени кои се поефтини да кажеме од едно кафе во сабота попладне покрај Кејот на Вардар, имаат топик кој се однесува на Македонија третирајќи го од различен аспект нејзиното материјално и духовно богатство.
Јас одбрав неколку наслови кои се кореспондираат со мојата струка, од типот на ,,LOCA SANCTORUM MACEDONIAE” од Блага Алексова или ,,Резбарските центри во Македонија” од Димитар Ќорнаков. За разлика од многу други фирми кај кои ќе се јавите и ќе оставите контакт за информација, луѓето од Матица каталогот на некои од насловите ми го испратија по мејл, побивајќи ја праксата на македонските фирми од типот ,,Повелете во нашите простории“.
Од вработените (на кои не им недостасува и љубезноста) разбрав дека работното време преку недела им е до 22 часот. Каталогот со дел од насловите можете да го симнете тука, но имајте во предвид две работи – дека тоа не е целосниот список, и дека голем дел од насловите веројатно до сега им се веќе потрошени.
Клучни зборови: Матица Македонска, книжара, книги, саем, Matica Makedonska,bookstore, books, fair