Дома Археологија Неолитско село во Македонија – музеј под отворено небо

Неолитско село во Македонија – музеј под отворено небо

2,002 views
1
Проучувањето и презентирањето на Неолитот – една од подобро истражените култури на територијата на Македонија, како да почна да зема замав. По критиките кои ги претрпеа институциите дека не се грижат доволно за нашето културно наследство, вклучувајќи ги тука и археолошките локалитети, работите почнаа да се мрдаат од мртва точка во која заглибија пред многу години.

Тумба-Маџари четврт век чека да стане споменик
Тумба Маџари чека да стане неолитско село

Изгледот на Тумба Маџари денеска
од мојот пост

Заедно со веста за промоцијата на Неолитската флејта од археолошкиот локалитет Мрамор (Велес), пристигнаа уште неколку информации. Тумба Маџари (со финансиска инекција од страна на општината Гази баба) дефинитивно ќе стане неолитско село. Музеј под отворено небо кој е организиран како етно село во светот е работа која почнала да се применува во 20-тите години на XX век. За придобивките (културни, научни, туристички) и да не зборуваме. Потоа, Неолитот во Пелагонија ќе почне да се истражува поинтензивно, вклучувајчи неолитски музеј кој ќе никне кај Породин заедно со се` формирањето на Првиот центар за неолитски истражувања во земјава.

Говрлево
Мајка Богинка
Тумба Породин
Модел на куќа

Според Археолошката карта на Република Македонија (во издание на МАНУ), регистрирани се 199 Неолитски локалитети. Ако се земе во обзир дека ,,картата” е публикувана 1996 година, до денеска таа бројка е зголемена за најмалку уште едно 50-60 локалитети, што говори дека институциите во државата задолжени за истражување, промоција и заштита на недвижното и движното наследство ќе треба озбилно да и пријдат на оваа работа и сериозно да се позанимаваат со неа како би можеле придобивките за идните генерации да се искористат на најправилен начин. Зошто како тргнало, барем во однос на Неолитот, нема причина цела Македонија да не стане музеј под отворено небо.

Тумба Маџари е феноменален локалитет со уште по феноменални наоди. Неколку пати се размислив кои податоци да ги ставам на Википедија, и на крајот го напишав овој текст кој ти го имаш поставено на постов.

Луѓето мора да знаат во каква состојба им се наоѓа сопственото културно наследство.

Не смеат да заборават дека поради секоја капка култура, тие се она кое што се денска.

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име