Како што веќе беше најавено дека ќе се реставрира и истражува (1, 2, 3) пред две недели и официјално започнаа археолошките ископувања на локалитетот Скопско Кале. Повеќето од медиумите (1, 2, 3, 4), порталите (1, 2, 3), некои web site-ови на политички партии, па дури и Владата на Р. Македонија ја пренесоа оваа вест. Археолозите едвај и стапнаа на локалитетот, кога целата работа во јавноста се обиде да се исполитизира со едно веќе бајато сценарио за националистичка археологија. Се побара вклучување на албански експерти во ископувањата на Калето (1, 2, 3).
Во 21 век, во ерата на информатиката да се протнуват националистички идеи е нешто што не пали баш во светот. Европа со конвенцијата од Ла Валета оди кон глобализација при заштитата на културното наследство, и на европските археолози им е многу добро позната фабулата дека Отсуството на докази (не) е и доказ за присуство (на идентитет), но од друга страна отсуството на доказ не е и доказ за отсуство… на присутноста. Како што некои го бараат…
Албанските историчари против проектот на Кузман
Цека: Ископувањата на Кале не треба да се инструмент на политиката
Каде се крие вистината за Калето?
Албанските историчари го обвинуваат Паско Кузман за Илирида
Моќта на минатото е да придонесе во сегашноста да се игради за иднината еден виртуелен музеј на толеранција, како светска цивилизациска придобивка која припаѓа на сите луѓе. Не постојат урнеци по кои треба движиме – Археологијата е само орудие со сопствена методологија и во неа се е важно. Секој артефакт, секој екофакт.
Во Национализам во Археологијата – ДА или НЕ намерно поставив прашање како би бил насловот на една виртуелна монографија која би ја покривала праисторијата во Македонија – ,,Македонските цивилизации во праисторијата” или ,,Цивилизациите во македонската праисторија”. Потврдниот одговор на првото прашање би ве одвел директно во стапицата наречена ,,Археологија во служба на нацијата”. Поприлично е јасно дека староседелското население ниту на овие, ниту на било кои простори во светот не може да се идентификува со етничките нации кои постојат денеска. Но ваков наслов на една монографија изгледа како реклама на еден народ чија што етногенеза е претставена како резултат кој се одвивал илјадници години и на читателите им дава чувство на гордост. Ова не важи само за нас, туку за целиот свет. Во овој случај на пример би било дека – македонскиот народ (или според некои археолози Илирскиот) постоел уште од мезолитот, и покрај тоа што Палеолит во Македонија едвај во моментов постои, а траги од мезолит до сега се уште не се откриени. 😉
За да се направи макар и една теоретска база за интерпретација на Археологија на идентитетот во било која држава, треба да се биде свесен дека секогаш ќе постои проблемот помеѓу идејата за една археолошка култура како етнички ентитет и вистинската претстава за неа. Денешните светски нации благо кажано, се турбо фолк ново компонирани.. А оние во минатото? Тие се тема на сосема поинаква дебата.
Постови со слична тематика:
Археологија на идентитетот
Нацистичка археологија
Археологијата бара факти… а не вистината
Отсуство на доказ (не) е и доказ за присуство
Јас на вас не треба да ви се допаѓам
Национализам во Археологијата – ДА или НЕ
Метаморфозите на Скопското Кале
Скопското кале – почеток на ископувања |
[…] на Скопското Кале Почнаа ископувањата на Скопското кале (или турбо фолк … Пуштена web страницата за ископувањата на Скопско Кале […]