Се повикуваат градоначалниците на општините, во што е можно покус рок, да достават релевантни информации за просторните и урбанистичките планови до Управата за заштита на културното наследство, кои се во подготовка или треба да се подготват во текот на 2006 година, заради навремено подготвување на заштитно конзерваторските основи и правилен третман на културното наследство во тие планови.
И покрај тоа што овој апел е од минатата година, бидејќи сајтот на УЗКН (Управа за заштита на културното наследство) како што изгледа, не е апдејтуван од тогаш, сепак внесува едно ново светло. Ако се знае податокот дека скоро во секој град (да не речам општина) постојат огромен број на археолошки локалитети кои имаат најразличен хронолошки дијапазон, секако дека е во корист тиe да се заштитат преку доставување на релевантни информации за просторните и урбанистичките планови, од страна на истите тие општини.
Примената на т.н. Третман на археолошките локалитети во културен предел, во светот е одамна усвоено како правило во заштита на културното наследство. Landscape of archaeology (или Околината на локалитетот) е повеќе сврзано со менаџирање и уредување на просторот во чиј контекст се наоѓа еден археолошки локалитет.
Кај нас засега остануваат само обиди за спроведување на овакво нешто, кои не се разликуваат од ставање на идејата на папир, бидејќи до нивна реализација се уште не е дојдено. За тоа сведочи и написот од Дневник, кој прилично добро го елаборираше и Волан на својот блог, дека Тумба-Маџари четврт век чека да стане споменик – за да може стратешки да се уредува. Тоа е токму ова за кое зборувам. Уредување на околината на археолошкото наоѓалиште во современи услови, со помош на методи кои нема дополнително да го уништат, туку ќе го заштитат. Познато ни е дека Тумба Маџари има дадено екстра пронајдоци од неолитскиот период, но веројатно на повеќето од вас не им е познат фактот дека овој екстремно популарен локалитет, денеска е само една обична незаштитена нива.
Локалитетот Тумба Маџари денеска
Landscape of archaeology секако дека треба да се разликува од Landscape archaeology, или Пејсажна археологија, која е цела наука за сите материјални траги кои луѓето ги оставиле, населувајќи некој археолошки локалитет и околината во која тој се наоѓа. Landscape archaeology пак спаѓа во не-деструктивни методи, бидејќи самото археолошко ископување е една од најразорните методи кои постојат. Со самото ископување, археологот го уништува локалитетот неповратно, притоа прибирајќи пропратни информации од секаква категорија.
Бидејќи Landscape archaeology во некоја рака е метод со кој се реконструира минатото, археолозите можат да креираат 3D визуелизациja на цела животна околина од некој карактеристичен регион, за одреден период. Пример за ова се археолозите од Весекс, кои успеале да реконструираат праисториски пејсаж што денеска се наоѓа 20 метри под Англискиот Канал, а веројатно постоел пред околу 8000 години. Овој видео клип е правен врз база на геолошките проучувања и методите на Археологија на животната средина.
[youtube]TcGBnVI0gM0[/youtube]
[…] која не постојат листи на приоритетни споменици, а за уредени пејсажи и културни предели пак воопшто да не […]
[…] не само со заштитата на нашето наследство, туку и со третманот на археолошките локалитети во културен пре…. Имплементацијата на Конвенцијата од Ла Валета како […]
[…] а камо ли да го презентираме. Тешко се справуваме со третирањето на нашите локалитети и во културен, и во рурален предел. Нем сведок за тоа е токму […]