Драги читатели. Излезе првиот број на National Geographic на македонски јазик. На насловната страна е познатиот археолошки локалитет Кокино. Па дури и цената од само 100,00 мкд. е пристојна Да биде достапно за сите де. 🙂 Ви се допаѓа, а? И мене. Сето ова е ептен фино, да не би било виртуелно. :)))

Веќе еднашка пишував дека со варијантата на списанието National Geographic на македонски јазик, не само што правиме афирмација на сопственото културно наследство, туку претставено на овој начин овозможуваме преку едукативно-образовен карактер истото да биде достапно за сите.
Ајде да видам дали ќе се најде храбар јунак кој ќе ме подржи со идејава, ама со дело, а не со поглед или зборови. Од нив фала. На блогов ги има во изобилство. Сосема доволно да пополнат статии барем во првите две години од излегувањето.



