Дома Апели Дали денес го гушнавте вашето дете

Дали денес го гушнавте вашето дете

1,488 views
0
Веројатно сте ги виделе билбордите распоредени околу центарот на Скопје на различни локаци со пораките: “Дали денеска го гушнавте вашето дете?” и “СТОП! На насилството врз децата“, со кои Првата детска амбасада во светот – Меѓаши започна со кампањата против насилството врз децата во Македонија. Потикнати од последните претепувања на две деца до смрт и поразувачкиот пораст на бројот на јавувања поврзани со насилство (18,6 во 2006 за разлика од 2% во 2000 година) на SOS телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 (бесплатна линија), тие одлучија да стартуваат со кампања за подигање на свеста за потребата од заштита на децата од секаков вид на насилство, како и потикнување на граѓаните да го пријават насилството.

Кампањата ке трае еден месец и оние кои сакаат да ги подржат активностите на Амбасадата Меѓаши, тоа можат да го сторат со повик или смс кон телефонскиот број на Космофон 075/ 14 34 24, и Т – Мобиле 070/ 14 34 24 со што се донираат 50,00 денари, односно 100, 00 мкд или на жиро сметка :

Прва детска амбасада во светот – Меѓаши 200000010722372

Стопанска банка а.д. Скопје

Со надеж дека оваа кампања ке ги поттикне возрасните да им посветат повеке љубов и внимание на децата, изјавувам:

СТОП! На насилството врз децата


p.s. Дарко – фала за клипчето 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име