Home Администрација Невообичаени интимни односи со блогерајот

Невообичаени интимни односи со блогерајот

1,310 views
0
Однос #1

Мрежен маркетинг

Блогот и блогерајот би биле совршено место за мрежен маркетинг. Исполнуваат само еден услов, но можеби тој е и најважниот. Копирање со помош на дупликација по пат на репликација. Совршена рефлексија огледало-огледало. Не ми треба повеќе CTRL + S. На блогерај…и твој збор да е..тешко дека некаде ќе се загуби.

Заклучок # А/313-65.908

,, Ако нешто пропуштам, има кај да видам што сум сакала да напишам.”  :))))))))

Однос#2

Совет

Постојано си поставуваме прашања, а си даваме и одговори на истите. Во голем број случаи одговорите на прашањата кои си ги поставуваме, ги знаеме. Е сега кога некој од блогерите ќе ви постави во постот прашање на кое треба да се изјасните, всушност го знае одговорот. Во вашите коментари само бара потврда за него…

Заклучок # PC23/S217.95

,,Кога некој ти бара совет знај дека го има решението, а во твоите зборови бара само потврда за она што веке го одлучил.”

Однос#3

Коментарите

Тука е проблемот. Искренота слободно може да се стави на кантар и да се вага. Овдека никој не ги согледува работите објективно. Сите тргнуваат со идеја дека интернетот е нивни и можат да прават што сакаат. Што значи, ако ми е мерак, ќе се понашам како пред маало.  

Заклучок број #78.78,36

Фала Ref,  изворот ке остане анонимен:  

,,Луѓето немаат баш чувство за ,,простор” кога се наоѓаат на интернет и затоа си прават филм дека го поседуваат. ”

Ова е репринт на еден мој постар текст. Ама, очигледно е дека секогаш има потреба и никогаш не е доста, од вакви јавни изјави.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here