Дома Археологија Археологијата како човечка екологија – рецензија на книга

Археологијата како човечка екологија – рецензија на книга

1,527 views
0

Оваа кратка рецензија е само еден дел од моите приложени, верификувани и одбранети есеи по предметот ,,Методологија на археолошките ископувања”, на магистерските студии во Белград.

Што се треба да знае едан археолог за време на археолошкото рекогносцирање, (т.е. пред да почне), како и за време ископувањето на еден археолошки локалитет.

Според мене, оваа книга претставува едно ново видување на концептот за методологија на археолошките ископувања, со обзир на периодот кога е прв пат публикувана, а тоа е 1982 година. Примарната цел која ја застапува Karl W. Butzer (Буцер) е дека еден археолог не треба само да се бави со проучавање на артефакатите, туку и со комплетниот локалитет, неселба и средствата кои го одржуваат во живот тој локалитет (заедница), т.е. таа населба. Оваа студија вклучува неколку компоненти како: гео-археологија, археоботаника, археозоологија и археометрија. Сите овие дисциплини со своите методи се употребени како линк помеѓу човечките заедници и нивните биолошки животни средини, со цел подобро да се разберат причините како еден локалитет настанал, што се се случувало за време на неговото постоење и по неговото замирање, како и улогата на растенијата,  животните и почвата во сето тоа, кои исто така на сопствен начин допринеле за промена или модификација на животната околина.

Во вториот дел од книгата Butzer се фокусира на просторната анализа како медиум преку кој може да се следи интеграцијата на социоекономскиот и еколошкиот принцип, за да можат да се разберат и до некој степен објаснат одредените населбински матрици. Во суштина, се ова за цел има реконструкција на сите врски кои човекoт (заедницата, населбата) некогаш ги имала со својата микро или макро животна околина.

Првата работа со која се соочува еден археолог на терен, секако е земјата (почвата, тлото). Затоа Butzer и посветил внимание на геоархеологијата скоро во половина од својата книга. Како што еднашка рекол André Leroi-Gourhan (Андре Лероа Гуран), цитирам: ,,едан археолог, посебно праисторичар, со своето ископување го уништува локалитетот”. Тоа значи дека тој мора да владее и да познава повеќе техники и начини на методологија од различни дисциплини, затоа што во секој случај за време на ископувањето, податоците се изгубени засекогаш. Според Butzer, факт е дека едан археолог не може да ги познава сите можни методологии од различни и компаративни дисциплини, меѓутоа пожелно е  бар да владее со повеќето од нив, или секако да ги има во предвид, како би можел при ископувањето исправно да ги земе сите проби. Во секој случај, ако самиот истражувач не може да го обработи материјалот (тука се мисли на пробите земени со помош на методологиите од гео-археологија, археометрија, палеоботаника-археоботаника и археозоологија) тогаш мора да биде спремен во текот на ископувањето на правилен методолошки начин да ги земе примерите, затоа што правилно земени семплови можат да се обработат и после 2, 3, 5 или 15 години и да дадат исправен увид во некои околности од микрогеолошката животна средина на самиот истражуван локалитет.


Според мене, археолошкиот запис за еден локалитет претставува статистичка 3Д-структура на материјалот кој постои во сегашноста. Меѓутоа, со еден локалитет од моментот на неговото напуштање до моментот кога археолог го открива, се случуваат различни процеси кои како основа го имаат делувањето на абиогените и биогените фактори.

Како што може да се забележи, историјата на еден напуштен локалит е функционален склоп од човечки, биогени, физиогени активности, кои директно влијаат на самиот локалитет или се одвиваат во него, како и геоморфолошките процеси и услови во макро и микро животната средина. Ако ја разбереме на овој начин, тогаш целата цивилизација од почетокот до ден денас преставува еден динамичен адаптивен систем кој може да се проучи објективно.  Во него се одвива еден ,,интерактивен процес”, кој всушност е тема на оваа книга и кој може да ни помогне да го согледаме човековото минато, сегашност, а секако и иднина.

Наменето за студентите од прва година на Катедрата по археологија

текстот е ставен под CC лиценца

Archaeology as human ecology: Method and theory for a contextual approach

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име