Home Археологија Археологија на животната средина – првата моја статија на Mакедонската Wikipedia

Археологија на животната средина – првата моја статија на Mакедонската Wikipedia

2,805 views
3

 

Вчера на Македонската верзија на Wikipedia, беше поставена мојата прва статија насловена како Археологија на животната средина. Му благодарам на Милош кој ми помогна и сите оние кои направија корекција на написот. Во продолжение го пејстирам целиот текст.



Археологија на животната средина е наука која почнала да се развива кон средината на 20 век и денес се има осамостоено како посебна дисциплина која има свои принципи, методи и техники.Познато е дека археологијата е наука за мртвите работи. Но покрај тоа постојат и голем број на пропратни елементи кои на изглед се чинат дека не се дел од „вистинската археологија“. Понекогаш тие демонстрираат значаен придонес да разбереме каков бил животот на луѓето во минатото. Многу од овие т.н. неартефакти им припаѓаат на почвата, фосилите од растенијата и остатоците од животните.На прашањето што е тоа „археологија на животната средина“ може да се одговори многу поедноставено. Тоа е студија за проучување на интеракцијата помеѓу растенијата и животните помеѓу себе, како и со сите останати неживи елементи од природното опкружување. Дефинирано поинаку како екологија, или во поширок смисол на зборот тоа претставува наука за екологијата, но на древните човечки групи.

3 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here