Home WWWести Срамнето неолитско светилиште во Бугарија, со булдожер

Срамнето неолитско светилиште во Бугарија, со булдожер

1,328 views
0

Дека скандали во археологијата не се случуваат само кај нас, доказ е моменталната алармантна ситуација кај соседите Бугари кои ја разбрануваа јавноста со случувањата на доцно неолитскиот локалитет крај с. Љубимец.


И покрај тоа што ова лето таму имало ископувања, а археолозите имале договор на хартија дека магистралата Тракија треба да минува покрај локалитетот, тој сепак е срамнет со булдожер.

Љубимец, кој се смета дека битисувал околу 4500 год. п.н.е. според наодите укажува дека на него се правеле некои ритуали во пронајдените јами.

Ама очигледно дека некои ритуални се прават и денеска, а Агенцијата “Патишта” е дадена на суд заради уништеното светилиште. Многу ме интересира како Бугарите ќе се справат со случајот, оној истиот што го имавме ние пред години, кога булдожер пројде покрај Вардарски Рид во Гевгелија, и направи така ,,фин” профил на локалитетот.

И никој не изреагира. Сите беа и мртви, и ладни.
извори: 1,2,3

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here