Home Лично Поздрав од далеку

Поздрав од далеку

1,316 views
0
Знам дека кога ќе се појави овој пост на мојот блог јас ќе бидам далеку. Немав време да направам постовите да се појавуваат автоматски, така да нив Админот ги пушта од време на време, како што предходно бевме договорени.

Знам дека додека патував, поминав доста станици каде што чекав да продолжам понатаму и каде запознавав нови луѓе и стекнав нови пријателства. Како и секогаш, некои од нив ми стануваат пријатели и продолжувам да комуницирам и покрај далечината. Бикоз ви ар ливинг ин д сејм сиркл, анд д сиркл из тајт. Анд раунд, оф корс.

Тука каде што во сум, отсечени сме од било каков тип на цивилизација и во моментов не досега ниту сигнал од мобилен телефон, а камо ли интернет . Но и покрај тоа што знам дека сум далеку од дома, исто така знам дека ми е супер. Еднаш одамна кажав. Има два типа на луѓе во однос на професијата. Во првата група спаѓаат оние кои сами си ја одбрале својата професија, а вториот тип се тие кои професијата ги одбрала нив. Јас припаѓам во оваа втората група. Ја работам, ја сонувам, ја живеам и ја дишам работата која ја сакам.

Ми недостига само едно нешто за да бидам комплетна. И тоа е она кое ме крепи да го издржам товарот на напорниот терен, зошто знам дека кога ќе се вратам дома, задоволството ќе биде целосно. И како по обичај нема да дознае колку многу мислам на суштината, незаборавајќи ја битноста, се додека не го прочита ова.

© arheoblog 2006

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here