Дома Археологија Никнуваат Stonehenge-и по светот

Никнуваат Stonehenge-и по светот

1,965 views
1

 

Необични откритија на два локалитета на Андите

Ќе си помислам дека древните светови биле на многу начини попаметни од нас. Во еден ист месец, само со една недела разлика се случија две големи откритија.

Работејќи на едно брдо на Перуанските Анди, археолозите ја открија најстарата позната астрономска обсерваторија, која е датирана 4.200 год. п.н.е. и која се користела за бележење на летниот и зимскиот солистициј. Стара е колку и најстарите ,,камени столбови” на Stonehenge. Изградена на врвот од едно брдо, на пирамида висока 33 стапки (ме мрзеше да пресметувам) точните порамнувања и набљудувања даваат прецизен астрономски календар за земјоделството.

Луѓето кои ја направие оваа обсерваторија, три милениуми пред појавата на Инките –  се мистерија, исто како и нашето Кокино. Но за разлика од него овдека е веќе видливо дека тие постигнале одреден степен на уметноост и наука за кој археолозите велат дека не постоел во тој регион се до пред 800-ини години.

Т.н Бразилски Stonehenge беше прогласен откако археолозите пронајдоа древна камена структура во една далечна област на Амазон. За локалитетот постојат две претпоставки. Дека бил обсерваторија или дека служел како култно место (ова не ме бендисува), многу време пред Европската колонизација, со сугерирање дека се работи за софистицирано знаење од областа на археологијата. По датирањето се чини дека е врсник на англискиот Stonehenge.

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име