Home Археологија МУМИИТЕ ОД СЕЛО ЛИПКОВО

МУМИИТЕ ОД СЕЛО ЛИПКОВО

2,050 views
0

Во месноста Кисела Вода, на патот кон Липково на приватно земјиште, уште во 1957 г. се пронајдени две мумии на кои им е зачувана, дури и облеката. Сандаците во кои биле мумиите, за кои се препоставува дека се стари 24 века, ги пронашле сопствениците на земјиштето при градење приватен објект, но никому не ги пријавиле. Откако се дознало за мумиите, екипа од Националниот конзервациски центар отишла на увид, но од сопствениците на земјиштето не им било дозволено да дојдат до нив.

Инаку за овие мумии се знае уште по истражувањата на Иван Микулќиќ кога тој и самиот се обидел да истражува во крајот на 90- тите, но сопстевниците уште тогаш не му дозволиле. Една таква мумија подолго време беше изложена во витрините на Судска медицина во Скопје, каде се наоѓа се’ уште, а вработените велат дека ниту една релевантна институција сите овие години не е заинтересирана за нејзино истражување. Со овие наоди, велат стручњаците, би се потврдиле претпоставките од старите научни сознанија кои велат дека во локалитетот Кисела Вода, најверојатно минералите и жицата на киселата вода, која тече покрај патот, и дрвените стебла придонеле за мумифицирање на лешевите.

Добиените резултати од мумиите од 1963 и 1965 година дале драстично различни толкувања на периодот од кој потекнувале, според едни од 4-ти и 3-ти век пред нашата ера, а според други од 7 и 8 век од нашата ера. Стручњаците се загрижени за судбината на мумиите бидејќи сметаат дека со откопувањето и отворањето на едниот сандак можеби дошло до оштетување на мумифицираните тела, односно дека во допир со воздухот тие се распаднале. Треба да се напомене и тоа дека не с еработи за мумифицирање налик на она од древен Египет, туку телата се сочувани благодарение на состојбата во земјиштето која не дозволила присуство на кислород.

Според пронајдените остатоци мумиите  се местени во дабови ковчези и претставуваат најголема енигма во историјата на културите кои се пронајдени на тлото на Република Македонија.

Во медиумите свеовремено се наметна претпоставката дека мумиите од Липково им припаѓале на античките Македонци, но во отсуство на дополинтелни истражувања без релевантни научни анализи, прашање е дали воопшто се работи за мумии од античкиот период. Но она што се наматнува тука е најгорчливото прашање покрај нашиот пасивен интерес кон древнините, на кој тоа начин ние се грижиме за нашето наследство од минатото, притоа имајќи слаба претстава дека тоа му припаѓа на целиот свет. Сите знаат за Bog bodies во Северна Европа, ама никој се уште ништо не знае за мумиите од Липково.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here