“Ледена доба: Топењето”
Се сеќавате на симпатичниот опосум, малото предисториско животно слично на верверица од анимираниот филм “Ледена доба”? На неговите пријатели-предисториски животни, мамутот и тигарот, кои им го враќаа бебето на луѓето кои се селеа поради топењето на мразот? Истите “актери” се враќаат на филмското платно во второто продолжение “Ледена доба: Топењето”.
Приказната продолжува и јунаците Мени, Сид и Диего сега имаат нова мисија. Филмот го работи истиот режисер од првиот дел, Карлос Салдана, а гласовите на главните улоги се исти: Реј Романо како Мени, Џон Легуизамо (познат и како Бени Нланко од Бронкс во “Carlito’s Way”) како Сид и Денис Лери како Диего.