Home Археологија По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ?

По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ?

3,778 views
7

Локалитет ,,Градиште” – Таор
По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ?

МИТ ИЛИ СТВАРНОСТ

Местоположбата на археолошкиот локалитетот ,,Градиште” – с. се наоѓа на 20 км југоисточно од . За прв пат е откриен пред повеќе од сто години од англискиот патеписец , кој на местото на античкиот град го препознал се уште изгубениот град , а во селото – родното место на царот I , . Во историската хронологија овој локалитет се поврзува со големиот император Iustinian I , најмногу според податоците изнесени од неговиот биограф . Според историографот Procopius тој се родил во местото наречено Taurisium, во близина на кастелот наречен . Населбата била разрушена во големиот земјотрес од 518 година, чиј епицентар бил на местото од денешно Скопје, во кој меѓу другите настрадало и античкото Scupi. Iustinian I за да му се оддолжи на своето родно место, го обновува и доградува. Во негова непосредна близина ја гради преубавата и волшебна IUSTINIANA PRIMA , како град-седиште на неговата архиепископија.

Проучувањата на теренот покажаа дека во Таор навистина постои , датирана од VI век, со 4 кули ( тетрапиргија ). Како што забележал Procopius, 6 км источно од Таор лежи крајпатен каструм крај селото Бадер со остатоци од IV-VI век. Можеби вистинското име му било Baderiana , која Procopius ја посочил како најблизок патоказ. Важно е да се забележи дека имињата на селата Таор и се од предсловенско потекло, што укажува на тоа дека можно е да биле изведени токму од Taurisium и Baderiana. Дури во година започнуваат систематските ископувања водени од археологот и Музејот на град Скопје. Првите истражувања на теренот евидентираа атрефакти од раното бронзено време (кои се спорадични и без паралелен културен слој како контекст). Подоцна ќе биде откриен дел од бедемот кој ја обиколувал населбата. Вниманието досега го привлекуваат делови на две јавни градби, од кои поинтересна е втората, за која истражувачите сметаат дека претставува атриум. от наведува на помислата дека тука треба да се очекува постоење на поголем објект од јавен карактер. Ова зборува дека во периодот на доцната антика од IV-VI век, но и подоцна, населението на овие простори имало активен живот.

За тоа сведочат големиот број на монети, накит, керамички садови, предмети од стакло за секојдневна употерба, остатоци од , орудија, оружја и други атрефакти.

Дали IUSTINIANA PRIMA навистина постоела и каде била изградена останува археолошка загатка која многумина би сакале да ја одгатнат. Се надеваме дека понатамошните истражувања на локалитетот ,,Градиште- Таор” ќе го дадат одговорот на овие прашања.

Клучни зборови: археологија, архитектура, тврдина, град, Јустинијана Прима, Јустинијан, Таор, Скопје, Македонија, Археоблог, Василка Димитровска, archaeology, architecture, fortress, city, Iustiniana Prima, Iustinian I, Taor, Skopje, Macedonia, Arheoblog, Vasilka Dimitrovska

7 COMMENTs

  1. […] СКОПЈЕ Старо Скопје во ново руво – промоција на web site По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ? Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia Параклисот на Св […]

  2. […] Археолошкиот локалитет Градиште, с. Таор со сопствен веб сајт Разговор со Кире Ристов – денес стартува ископувањето на локалитетот Таор (2007) По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ? […]

  3. […] Археолошкиот локалитет Градиште, с. Таор со сопствен веб сајт Разговор со Кире Ристов – денес стартува ископувањето на локалитетот Таор (2007) По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ? […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here