Покрај тоа што сум професионален археолог, врз основа на член 41 од Законот за туристичка дејност “Службен весник на Р. Македонија”, бр. 62/2004 по полагањето на стручен испит (вкупно седум испити), Факултетот за туризам и угостителство – Охрид ми издаде уверение за туристички водич. Со тоа се здобив со право за вршење на дејноста да водам индивидуалци, помали или поголеми групи притоа објаснувајќи им за природните и културните убавини на Македонија. Лиценцата за туристички водич се докажува со легитимација, која би требало да биде видлива за сите додека се води турата.

legitimacija-za-vodic

Како изгледa официјална легитимација за туристички водич

Според овој закон како туристички водич  имам право на домашните и странските посетители во Република Македонија да им ги презентирам природните и антропогените туристички атрактивности, историјата на земјата и културно-историските споменици, уметнички дела, етнографски и други атрактивности, историски настани, легенди и личности за тие настани, општественото уредување на земјата за што секако се потребни и комуникативни способности, потоа општи познавања од туризмот и психологијата на туризмот и да го познавам јазикот кој го користат странските туристи. Во моментов покрај балканските јазици од јужнословенската група (бугарски, српски, хрватски и словенечки) сродни на македонскиот јазик, активно говорам англиски, француски и грчки јазик.

Член сум на Здружението на Туристички водичи на град Скопје и Здружението на Туристички водичи на Република Македонија и до сега активно или пасивно сум учествувала или сум била дел од многу проекти во областа на туризмот, посебно оние кои ги вклучуваат културно-историските споменици и археолошките локалитети на територијата на Република Македонија.

Unqualified guide is illegal in Republic of Macedonia.
Make sure your tourist guide is licensed!

Related pages # Поврзани страници

- Tourist guidance

- Tours

Клучни зборови/Key words: tourism, Macedonia, guide, archaeology, culture, cultural, heritage, turizam, makedonija, vodic, arheologija, kultura, kulturno, nasledstvo, туризам, Македонија, водич, археологија, култура, културно, наследство