web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

Posts Tagged ‘Скопје’

PostHeaderIcon Тутан камен или пијан ко Тутанкамон

Еден египетски фараон кој владеел со осумнаесетта династија, ќе остане засекогаш запаметен во историјата на човештвото во моментот кога археологот Хауард Картер на 16.02.1923 год. ќе ја отвори неговата гробница и ќе пронајде негибнат саркофаг опкружен со огромно богатство како прилози за задгробниот живот во кој верувале старите Еѓипќани. Веста за пронаоѓањето на саркофагот на Тутанкамон ќе биде толку помпезно проследена од медиумите, што за сосема кратко време ќе го обиколи светот и очигледно ќе остави голема трага во некои локални култури.

Kafeana_tutankamen_dvaesetti_Skopje

Потрагата по историјата на старо Скопје ме одведе до една интересна фотографија. Оригиналната верзија на фотографијата вгнездена во текстот се чува во ДАРМ (Државен архив на Република Македонија) и според нивната архива датира некаде од средината на дваесеттите години. На неа се прикажани еднадодруго две кафеани во Скопје со мошне интересни имиња. Очигледно е дека нашите претци имале голема смисла за хумор кога едната кафеана ја крстиле ,,Кај Ружа”, а другата ,,Тутан камен”. Не постојат многу историски записи за овие два објекта, освен што јас лично од некои постари скопјани во неврзан муабет сум слушнала дека ,,Кај Ружа”, помеѓудругото освен кафеанската, се вршеле и други услужни дејствија согласно мирот и спокојството на машкиот род.

Во отсуство на апсолутна хронологија, можеме само да претпоставиме дека едната кафеана го добила својот назив очигледно по пронаоѓањето на гробницата на Тутанкамон, што во најмала рака ја датира фотографијата не постара од 1924/25 година. Не би можеле да кажеме дали овој назив е директно иснпириран од пронаоѓањето на гробот на Тутанкамен, но со сигурност можеме да констатираме според народната изрека, кога излегуваш од кафеана, дефинитивно си ,,камен пијан”, или си ,,тутан ко камен”. :D

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats