web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



Posts Tagged ‘Археологија’

PostHeaderIcon Направи си античка римска храна, како од antica cucina romana

На 06.11.2016 год во комплексот ,,Ореов Лад” во Скопје се одржа SCUPINI ROMANI – првиот меѓународен фестивал посветен на античката римска култура во организација на ,,ХАЕМУС” – центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје во соработка со Археолошкиот парк ,,Виминациум” и во партнерство со EXARC. Настанот се правеше под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси, главната цел беше популаризација на културното наследство од римскиот период преку едукација, додека главната мисија на фестивалот се движеше во насоката на дисеминирање на научните истражувања преку историска реконструкција позната под терминот “reenactment”. Акцентот на оваа реконструкција беше ставен врз експерименталната археологија, древните технологии и нивната интерпретација во обид да се подигне јавната свест за одредена научна област кај љубителите на културното наследство.

scupini_romani_ancien_roman_food

SCUPINI ROMANI – Cucina Romana

Знаев/ме дека најголема атракција на фестивалот ќе биде дегустација на храна и вино припремани според рецептите на старите Римјани и послужени во керамика која е специјално правена за овој настан. При тоа, секое парче керамика и дрво во коешто беше аранжирана храната се направи рачно, како инспирација од артефактите пронајдени на археолошките локалитети од римскиот период на територијата на Република Македонија.

До нас стигнале многу записи за животот на древните Римјани, помеѓу кои и за храната и начинот на кој јаделе или ја спремале. Римјаните јаделе 3 пати на ден. Околу 8-9ч. наутро бил доручекот (iantaculum), помеѓу 12-15ч. ручале (prandium), а најважен оброк била вечерата (cena), кога гостите можеле да слушаат музика, да гледаат танчерки и да прават се што ќе им се посака оти границата на фантазијата била еднаква со моќта да се платат услугите и задоволствата. По вечерата обавезно настанувала пијанка до доцна во ноќта.

antica_cucina_romana_scupini_romani5

SCUPINI ROMANI – Cucina Romana

Книгата “De re coquinaria” или “За уметноста на готвењето” е веројатно единствениот запис за древната римска кујна кој го оставил зад себе Маркус Гајус Апициј, кој живеел во времето на императорот Тибериј во 1 век од н.е. Книгата има 10 поглавја и содржи околу 500 рецепти кој Апициј ги собрал од претходните векови и рецепти кој самиот ги смислувал оти бил готвач. Во обид да рекноструираме дел од јадењата на античката римска кујна, ги употребивме рецептите на Апициј и секако советите и искуството на колегите од Виминациум, кој е можеби најголемиот археолошки парк под отворено од римскиот период во Европа.


ancien_roman_food_libum  ancien_roman_food_pernae ancien_roman_food_intinge
Cucina Romana од десно кон лево: libum, perna, intinge

За потребите на фестивалот SCUPINI ROMANI беше направен римскиот леб ,,libum” или популарно наречен римски чизкејк бидејќи се прави исклучиво со брашно и козјо сирење, потоа ,,perna” т.е. ролат од варена шунка во тесто со смокви, повеќе типови на намази (intinge) од морков, маслинки, риба и многу други работи, додека од колачите беа послужени ,,globi” – куглици од гриз и крем сир потопени во мед и посипани со афион, сусам или лешници, ,,savilum” слатко-солени лепчиња од сирење и мед и секако највкусното нешто на трпезата ,,dulcia domastica” - карамелизирани урми претходно полнети со мешавина на лешници, бадеми, ореви и суво грозје, потоа потопени во мед и оставени да се оладат пред да бидат послужени.


ancien_roman_food_dulcia_domestica ancien_roman_food_globi ancien_roman_food_globi2
Cucina Romana од десно кон лево: dulcia domestica, globi со сусам, globi со афион

SCUPINI ROMANI е бренд на ,,ХАЕМУС” и се состои од мноштво на подвижни ескпонати (керамика, облека, накит, плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка како инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на SCUPINI ROMANI е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници. Како follow up на SCUPINI ROMANI, следниот пат можност за ваков амбиент и дегустација на римска храна и вино ќе се случи на настанот ,,Io Saturnalia” на 17.12.2016 година :)

ancien_roman_food_savillum

Cucina romana – Savillum

PostHeaderIcon Предавањата на УНЕСКО Клубот ХАЕМУС под мотото на Отворени Образовни Ресурси

Во изминатите две години од своето постоење, ХАЕМУС како центар за научно истражување и промоција на културата, порасна и прерасна во општествено одговорна организација за зачувување на колективната меморија од минатото. Главната цел е менаџментот и промоцијата на културното наследство на Република Македонија и Балканот, но за се постигне токму тоа, таргетот е всушност насочен кон надворешната соработка со најразлични организации од владиниот, приватниот и независниот сектор.

Активностите на ХАЕМУС имаат широк дијапазон и покрај голем број на локални проекти, учество на светски престижни конференции, објави во научни списанија, апликација во УНЕСКО за мартинките, организирање на едукативни тури, настани, работилници и јавни предавања, исто така ја опфаќаат и работата на официјалниот УНЕСКО Клуб  Хаемус, како и публикацијата HAEMUS JOURNAL, светско академско е-списание за археологија и историја на Балканскиот полуостров.

Predavanje_Haemus_Nikos_Causidis

Предавање од проф. д-р Никос Чаусидис за „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век“

Особено во јавноста се популарни предавањата на ХАЕМУС од академски граѓани во организација на УНЕСКО клубот ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО за „Отворени образовни ресурси“ (ООР). Овие предавања кои концептуално се поклопуваат со целите на УНЕСКО за ОЕР доста често добиваат логистичка поддршка и од Алијанса за ООР во Република Македонија. Тоа е група составена од поединци, организации и институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигање на свеста и капацитетот на академската и научната јавност за создавање и користење на ООР во Република Македонија. Впрочем во мототo на ХАЕМУС е хедлајнот за отворен и бесплатен пристап на знаењето на интернет, па овој тип на настани се интерактивни, аудио-визуелно се снимаат и потоа се подигнуваат на интернет за да послужат како едукативен материјал, а во исто време да бидат достапни за секој заинтересиран. 

18.11.2013,  Музеј на град Скопје, проф. д-р. Ванчо Ѓорѓиев – „Илинденско востание: историографски дилеми и контроверзи

23.05.2013, Музеј на град Скопје, проф. д-р. Далибор Јовановски – „Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и сегашноста

18.11.2013, Музеј на град Скопје, м-р. Јован Јоновски – „Грбот на Република Македонија – тема за дилема

20.02.2014, City Hall Skopje, проф. д-р Никос Чаусидис – „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век

За жал, во архивата недостасува видео записот од предавањето на проф. д-р Николај Спасовбугарски палеонтолог и директор на Националниот Природонаучeн музеј во Бугарија, кој беше загубен поради технички причини.

УНЕСКО Клубот ХАЕМУС и во иднина ќе организира ваков или сличен тип на предавања под мотото на Отворени Образовни ресурси, а за сите навремени информации, најдобро е да се следи официјалниот веб сајт или официјалната фејсбук страница на ХАЕМУС.

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива