Дома Услуги

Услуги

Како професионален археолог, менаџер и консултант во полето на културното наследство, мојата цел е истражување и афирмација на културно-историските споменици од територијата на Република Македонија како дел од светското културно наследство, како и нивно визуелизирање и презентирање пред јавноста преку потенцирање на нивните вредности.

Моите цели

Мојата потесна специјалност се камените алатки и воопшто каменот како материјал и суровина во археологијата. Ја подржувам примената и употребата на недеструктивни методи во археологијата со помош на дигитална теренска документација. Член сум на ЕААAARG и МАНД. Се залагам за употребата на CC лиценците и поборник сум за слободен и отворен пристап кон знаењето на интернет.

Нeкои од услугите кои ги нудам:

Стручни совети и помош при
– Градежни операции на познати и непознати археолошки локалитети
– Кога земјоделието ја сретнува археологијата …
– Историски студии за просторот (собирање на информации, планови, мапи, фотографии.. )

Извршување на теренска работа

– Теренска проспекција и проценка на археолошкиот потенцијал
– Археолошки надгледување
– Археолошко ископување во рурална и урбана средина

Специјалистички работи

– Цртање на материјали
– Фото материјали
– Преработка на материјалите (реставрирање на предмети во соработка со експерти)

Делување и соработка со (во) јавноста

– Образование: предавања, работилници, …
– Соработка со локалните заедници за промоција на археолошкото наследство
– Социјална случувања и приредби (јавни дебати, изложби, претстави,  …)
– Издаваштво (книги, летоци, календари, брошури, електронски изданија, прирачници, списанија …)