Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

Креативна археолошка работилница - нова филијала на Археоблог

Од печат излезе книгата ,,Археолошки дневник” во издание на Аквариус
15th August 2008

Рекогносцирање со помош на Google Earth во кризни подрачја

 

Според Законот за Заштита на културното наследство на Република Македонија, Глава I,  Општи одредби, член 11:

”Рекогносцирање” е потврдување на точноста на сознанијата за археолошкото наследство врз основа на претходно извидување на одредена месност.

Поглупа и понеразбирлива дефиниција, здравје!

Наместо тоа поедноставно е да се каже дека проспекција или рекогносцирање  е недеструктивна метода со која се означува пронаоѓање или детектирање на одреден археолошки локалитет, само врз база на површинско набљудување.

Во последната деценија скоро сиот нормален научен свет се стреми кон т.н. non destructive techniques, се со цел на еден поинаков начин да го истражи, заштити и презентира културното наследство. Археолошките ископувања се превземаат само во случаи на градежни кампањи (патишта, населби …) или ризични елементарни непогоди (поместување на земјиште, поплави …) кои довеле локалитетот да мора се ископува, бидејќи тоа е единствениот начин да се заштитат предметите пред тие комплетно да изчезнат од лицето на земјината топка.

Претпоставувам дека оние кои почесто го користат Google Earth, знаат дека во рамките на овој програм е предвидена можноста за изработка на леери кои се комбинација од сателитски снимки и различни бази на податоци. Под Global awareness конкретно има ставка под која може да се бира да се погледне одредено светско културно добро.

Од она кое можев да го видам самата на катедрите по археологија на Балканот а и во Европа, програмата Google Earth доста често се користи за рекогносцирање во рамките на предметите ,,Површинска археологија” и  ,,Методологија на археолошки ископувања”. Во моменов предноста на овој софтвер покрај другото е можноста да се рекогносцира со негова помош  во кризни подрачја како Никарагва, Авганистан, Осетија итн, како и сите пост-воени зони кои се опасни за теренска работа.

Но google и неговите програми не служат само да се откривање (1,2,3,4), туку се и можност на еден прифатлив начин да се подигне свеста и да се информираат луѓето за разните состојби во светот, вклучувајќи го тука и духовното и материјалното богатство. Така тимот на Google пред некое време имаше една необична турнеја во прашумите на Амазон каде на покана од поглаварот на племето Суруити спроведоа обука за користење на интернет со цел користејќи ја технологијата на 21 век членови од племето да постават што е можно повеќе информации за себе

Во меѓувреме Google Earth стана ready-made GIS за целата планета, вклучувајќи ја тука и археологијата како една од поважните категории. Како минува времето согледувајќи ги предностите на оваа технологија, се повеќе го прифаќам начинот преку кој не се регистрира само културното наследство, туку и природните околности (пејсажот) во кое богатството од артефакти и екофакти физички егзистира и претставува неделива интерактивна целина која може да ни помогне преку сегашноста подобро да го разбереме минатото.


Дополнување: Во прилог на постов можам да ја препорачам Find the Archaeology - игра во која логираната заедницата употребува Google Earth за да постира одредена аеро фотографија на археолошки локалитет со цел да се открие каде тој се наоѓа. Аеро фотографијата претставува ресурс за сите археолози и нејзините бенефити допрва ќе бидат искористувани од многу науки.

Поврзани стории:

I have been google maped?!!
Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
Google map my Аквадукт
You have been google watched through the macedonian carpet
Форумот на Македонска Авијација - ментална релаксација за археологија
Идните археолошки сајтови

напишано во Археологија | 2 Коментари

11th August 2008

Археолошка логика

 

Имам колеги кои не залужиле да ја носат титулата археолог. Нив ќе ги препознаете по тоа што кога ќе појдете на ископувањето што го раководат, ќе ви кажат - види кооооллкава дупка сум ископал(а).

Тука ќе парафразирам едно мислење на Емброуз Бирс за логиката. Имено:

Главна премиса: Шеесет луѓе некоја работа можат да ја завршат шеесет пати побрзо отколку еден човек.

Споредна премиса: Еден археолог може да ископа археолошка сонда за шеесет секунди; следи -

Заклучок: Шеесет археолога може да ископаат археолошка сонда за една секунда.

Оф благословен да е артиметичкиот силогизам, така цела земја ќе ја прекопаме…за неколку дена. Што дупки ќе имаме :)))

напишано во Археологија | 1 Коментар

9th August 2008

Статуа ли е статуа, камена та изграфитирана

 

Како што јавува блогот Prilep online во сабота крај камената статуа на слонот на археолошкиот локалитет Маркови Кули (Прилеп), ќе се случува ,,Поетско Маркукуле” за чија намена е веќе издадена книга со песни од ланските учесници.

Независно што Маркови Кули пред две години беа ставени привремено на листа на УНЕСКО за заштитени природнии реткости, тие и официјално се археолошки локалитет. Кога еден археолошки локалитет е прогласен како таков, а посебно ако е ставен на листата на споменици (чиј регистар во Република Македонија се уште не е изработен) за кој е надлежна одредена институција чија цел и намена е да го истражи, заштити и презентира, тоа автомаски означува дека се што се наоѓа на тој локалитет е заштитено и секое негово оштетување подлежи на законски мерки.

Тешко се справуваме не само со заштитата на нашето наследство, туку и со третманот на археолошките локалитети во културен  предел. Имплементацијата на Конвенцијата од Ла Валета како да се подзаборава иако таа е валидно законски ратификувана во земјава (1,2).

How blind we can be?

Ќе остане нејасно зошто организаторите на овој настан се одлучиле поетското читање да се одвива токму под камената статуата на слонот. Можеби за да ги соочат посетителите со бизарноста на целата ситуација слушајќи поезија притоа да го гледаат изграфитирано сопственото наследство, чие вандализирање не се случува за прв пат на Маркови Кули.

Не е важно дали потекнува од 3 век п.н.е., од крајот на 19 век. или е само геоморфолошка творба, природното и културното наследство на една земја треба да биде ментално неделиво од неговите наследници. На него треба да се навикнеме како на свој сон, како на свој дом. Да го препознаваме насекаде, како што ги препознаваме сопствените мисли.

Толку многу зборови за само една ,,камена” склуптура, а? После се ова, искрено се ежам од помислата што се може да се случи со статуите пред Владата на Република Македонија.


Појаснување: фотографијата е позајмена од четвртиот број на Free Time Guide (стр.21), месечен магазин на англиски јазик наменет за странците во кое на најубавиот можен начин е претставено нашето природно и културно богатство.

Меѓу другото треба да се напомене дека археолошкиот локалитет Маркови Кули воопшто нема своја веб страница и се што можете да најдете за оваа локација се спорадични написи расфрлани таму-ваму по интернетот.


Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

напишано во Археологија | 0 Коментари

8th August 2008

Let the Olympics Games Begin

 

 

Според Градската администрација за Културно наследство на Пекинг за време на припремата на Олимписките игри во Кина, археолозите откриле преку 1500 артефакти на 18 олимписки локации. Да биде задоволството двојно, најновата вест која се појави во National Geographic а се однесува на мистериозниот Механизам од Антикитера (1,2,3) е дека тој меѓудругото служел да ги мери цикличниот распоред на  древните атлетски натпревари, вклучувајќи ги тука и Олимписките игри.

Ова колку да го означам почнувањето на Олимпијадата во Кина во мој стил. :) Да им посакаме успешна организација на овие две земји и да се надеваме дека нема да ги прати проклетството на олимписките маскоти именувани како Фуви (1,2).

Let the Games Begin!

напишано во Археологија | 0 Коментари

1st August 2008

Final frontier - Ѕидот на Хадријан

 

Моментално во Brithish Museum е поставена изложба за имераторот Хадријан. Оваа поставка го подигна културниот напон на британците до ниво достојно за да биде испочитуван еден римски имепратор, кој сам посебе бил прилично контроверзен. Императорот, кој се оженил со жена само за да стане владетел, а цел живот сакал помлад маж. Кога неговиот љубовник се удавил несреќно во Нил, тој заповедал да се почитува насекаде издигнувајќи го на ниво на бог. Неговата оставштина е огромна до онаму до каде се простирала древната Римската Империја. Страста за архитектурата му овозможила да создаде некои од најславните градби во стариот свет (Вилата d’Este, Пантеонот, Вилата крај Тиволи и др.). Но тоа не ги спречило неговите сексуални перверзији и двијаштвото потрепено со одмаздољубивост на некогашниот имератор означен како мирољубив и со право детерминиран како човек кој бил многу пред своето време.

Во Велика Британија постојат огромен број на археолошки локалитети кои датираат од времето на Хадријан. Еден од нив е и монументалниот Хадријанов ѕид, локациија ставена под заштита на UNESCO.

Не верувам дека Хадријан го изградил ѕидот на северниот дел од Велика Британија зошто му било намера со време да ги подели Англичаните и Шкотите. :) Иако морам да признаам дека мошне умешно го сторил тоа. Сепак главната цел на овој ѕид кој се протега во должина од 120 км била да се одбрани најсеверниот римски лимес кој константно бил загрозуван од нападите на локалните племиња. Кои рака на срце, сепак биле претци на денешните жители на Шкотска.

 

Во прилог го вгнездувам видеото за Ѕидот на Хардијан кој е дел од огромното ДВД насловено како Frontiers of the Roman Empire. Сите видеа на ова ДВД се courtesy of English Heritage, со чија помош ги добив и им благодарам на моите колеги од Британија за срдечноста. Соодветно видео со текст од нарацијата може да се погледне на сајтот на UNESCO.  Исто така неколку видеа (кои можат да се даунлодуваат) се поместени на интернет страниците од Brithish Museum, со напомена дека тие своите статии за спорадичните изложби ги повлекуваат истовремено кога тие се повлекуваат и од јавноста.

Дополнителни линкови:

Официјален веб сајт
World Heritage Site - UNESCO
Мапа на ѕидот
Биографија на Хадријан со библиографија


п.с. се смета дека од времето на Хадријан во Македонија е изграден античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи. Иако бил најголем од сите други театри, сепак од него е останато многу малку и скоро е неможно да се реконструира. Ова здание според археолозите е датирано во 2 век од н.е., најмногу според стилот на остатоците од мермерните украси.

напишано во Археологија, Архитектура, Документарни филмови, Историја, Уметност | 0 Коментари