Од моментот кога почнав да блогирам кон крајот на 2005 година, директно се инволвирав во новите медиуми, а преку нив генерално и во сите медиуми кои ја покриваат територијата на Република Македонија. Јас сум единствениот археолог кој не е во партија, ниту во институција и кој дава изјави во јавноста за културното наследство затоа што тоа е мојата животна професија на која и се имам посветено. Заштитата и презентирањето на наследството од Република Македонија во секов формат и на секој можен медиум  е мој предизвик и инспирација и ќе се борам против загубата на сите археолошки и културни ресурси онолку колку умеам, со чесна работа и преку наука.

Во последните неколку години зачестија моите настапи во македонските печатени и телевизиски медиуми. Настапите најмногу се однесуваат на прашањата поврзани со културното наследство на Република Македонија, но понекогаш давам изјави и за мојата ‘втора’ комплементарна професија како туристички водич.

Alfa TV 2010.05.12 08 by Arwena

Изјава за неделникот Сега

Изјава за весникот Време

Изјава за неделникот Фокус

Изјава за весникот Време

Изјави за весникот Нова Македонија (1,2)

Изјава за неделникот Форум

Археолошки дневник во:
Шпиц
Форум
Време 1
Време 2
Нова Македонија