Сте се запрашале ли зошто некоја посета на музеј, изгледан филм, ислушана песна, попатно купено јадење додека трчате на тура на археолошки локалитет или пак одреден туристички водич некаде во светот ви пренел информации кои ги паметите и денес? Што е тоа што било поразлично и ви оставило голем впечаток да и после толку многу години ги прераскажувате случките кои ви останале во толку свежо сеќавање? Објаснувањето е многу поедноставно, отколку што мислите.
Интерпретацијата е моќна комуникациска алатка која се употребува за да се оплемени културното наследство. Затоа е многу важно на кој начин се употребуваат алатките за толкување бидејќи треба да овозможат искуство на посетителите што ќе го паметат цел живот. Како лиценциран интерпретатор за наследство, со сертификат здобиен преку сериозните курсеви на Interpret Europe, можам преку предавање, обука или серија работилници да помогнам во спознавање на оваа одлична бизнис алатка со која што се зголемува видливоста за одредена работа, бидејќи се разликува од дузина навидум слични модели поради уникатноста на својата презентација којашто учесниците на некој настан каде што се презентира, ја паметат доживотно.
Што точно означува интерпретација на наследството и како се полага CIG курсот