ЧПП » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

Креативна археолошка работилница - нова филијала на Археоблог

Од печат излезе книгата ,,Археолошки дневник” во издание на Аквариус

ЧПП

Дали си навистина археолог ?

Јас сум дипломиран археолог на Катедрата по ,,Историја на уметност и археологија” во Скопје, во класата на проф. д-р. Драги Митревски. Моментално ја завршувам својата магистратура која беше поставена како проект помеѓу катедрите по археологија во Белград и Љубљана.

Дали овој блог го правиш од хоби?

Овој блог го замислив како мини-проект за да го опипа пулсот на јавноста и заинтересираноста на луѓето за археологијата и сопственото културно наследство. После неполни две години, Археолошки дневник има тенденција да прерасне во нешто повеќе отколку еден сосема обичен блог.

Какви содржини се опфатени со Археолошкиот дневник ?

Содржините на овој блог беа групирани во две поголеми категории: културното наследство и лични литературни творби. Вторите се веќе одвоени во посебен сајт насловен како Архео-креатива. Археолошки дневник е еден од ретките тематски блогови во кој се пишува за археологијата допирајќи поширок дијапазон на сродни елементи од популарната култура. Не се изоставени ниту компатибилните науки како историја, историја на уметност, етнологија, архитектура и др.

На кој начин овој блог придонесува во развојот на информатичкото општество?

Освен тоа што Археолошки дневник како блог има големо значење за развојот на македонската блогосфера (како и секој друг поединечен блог), преку него континуирано се врши промоција на македонското материјално и духовно културно наследство. Тоа докажува дека и научните профили во Македонија се способни да ги користат технолошките достигнувања во 21 век, каде одредени содржини можат да се презентираат преку електронски медиум и на тој начин да станат достапни за сите.

Зошто пишуваш на македонски, а не и на англиски јазик?

Прво затоа што целната публика на овој мини-проект се сите посетители, читатели и коментатори кои пред се го зборуваат или разбираат македонскиот јазик, а второ затоа што блог на англиски јазик би ми одземал во моментов многу време, со оглед на мојата презафатеност. Сепак постои и англиска варијанта на Археолошкиот дневник која не ја ажурирам најредовно.



Моментално се2 одговори to “ЧПП”

Ако сакаш да го знам твоето размислување за оваа тема, тогаш остави го преку коментар! Твоето мислење е важно исто како и секое друго.

  1. 1 На February 11th, 2008, crazy man Напиша:

    Dear bloger,

    you might not be aware of a very, very important discussion going on at

    http://lootingmatters.blogspot.com/2008/02/bronze-from-republic-of-macedonia-new.html

    Read the comments and you will learn a lot. The authorities of the Republic of Macedonia should take steps towards repatriation of what belongs to the Macedonian people. Maybe you could link the thread to your blog.

  2. 2 На February 28th, 2008, Како се справуваме со нелегалната трговија на нашето културното наследство » Археолошки дневник vol.2 © Напиша:

    […] на сугестијата на еден читател на мојот сајт кој ми оставил коментар да го посетам овој блог, а кој сакал да остане […]