Дома Културен живот

Културен живот

 

Списанието за култура, уметност и општествени прашања „Културен живот“, во своите печатени изданија поместува теми и дилеми од областа на литературата, поетиката, постмодерното поимање на денешнината… страници посветени на различни култури … дел за филмската уметност, издавачка дејност и драмска библиотека. Во зависност од финансиите, списанието се печати еднашка до два пати годишно, или само како двоброј.

Од 2008та година започна мојот придонес во Културен живот, како автор но и како човек кој несебично и помага на редакцијата во поглед на пријавување, собирање на текстови, како и публикување на сопствени авторски трудови. Како годините минуваа, бројот на моите текстови во Културен живот се зголемуваше, и тука се поместени сите написи по хронолошки редослед, заради архивирање.

За сите заинтересирани, списанието Културен живот може да се купи по цена од 200 мкд во книжарниците низ Скопје или да се набави преку локалните библиотеки.

Мои текстови во Културен живот

1. Блог-Археологија, создавање извори на знаење со отворен пристап
2. Дајте ми два три-податока и јас ќе ви конструирам вистина
3. Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Криејтив Комонс
4. Приказните што ги открива македонската археологија
5. Цоцев Камен – нешто повеќе од само обична карпа!
6. ФОТО-ЕСЕJ: jавниот простор како културно наследство
7. Културна трансгресија на етничкиот идентитет
8. Наследството под булдожери: или, како ги снемува културните ресурси од минатото на еден град
9. Од маало до културно наследство – Споменична целина Дебар Маало