web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs

Blog in english

Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community

Archive for the ‘Туризам’ Category

PostHeaderIcon Источниот плански регион на Република Македонија – регион на УНЕСКО

На седницата на советот на Источниот плански регион (ИПР), која се одржа кон крајот на декември 2015 година во Свети Николе, беше усвоена Стратегијата за развој на туризмот во Источниот плански регион со акционен план 2016 -2025 година. На овој документ претходеше изработката на „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион“. Изготвувањето на студијата и на стратегијата траеше речиси две години, а во тој процес беа вклучени повеќе експерти од соодветните области (природно наследство, културно наследство, туризмолози, експерти за локален развој и др.). Како дел од оваа стратегија беше вклучен и тимот на ХАЕМУС, особено во категоријата за материјално и нематеријално културно наследство и негово туристичко вреднување, со цел за подобар локален економски развиток.

EPR - strategy for tourism 2

Источниот Плански регион и УНЕСКО

Како културни елементи и содржина која би можела да биде значајна и привлечни од туристички аспект за Источниот плански регион е доминацијата на атрактивности кои се ставени на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Во последните две години Република Македонија ја имаше честа да впише три добра на листата на нематеријално наследство на УНЕСКО, обичајот Четрсе, орото Копачка и Гласоечкото пеење. Од нив обичајот Четрсе и орото Копачката, се пратикуваат како изворни во регионот на ИПР. Четвртата апликација поднесена во УНЕСКО е мултинационална, во која Република Македонија заедно со Романија, Бугарија и Молдавија, го предлага за заштита обичајот со мартинките коj е најмногу се зачуван во околината на Штип, Берово и Делчево, а особено во Пијанечката област. Отткука не би била претенциозна забелешката дека ИПР би можел да се третира како регион на УНЕСКО и како таков покрај Охрид е единствен на територијата на Република Македонија. Read the rest of this entry »

PostHeaderIcon Културното наследство од Првата светска војна во општина Новаци

И така, влегов во џип со повредена нога, отечен глужд и истегнати лигаменти, ама желбата да ги видам остатоците од Првата Светска војна во општина Новаци беше поголема. Во еден исклучително жежок ден каков што сончевата Пегалонија ги има многу во текот на годината, локални водичи ми беа Кочо и Сашо од ПЕГАЗ – ЕДУ од Битола, одлични теренци и добри познавачи на историјата од овој период. А само неколку недели пред тоа седев на кафе со неколку мои колеги објаснувајќи им дека се навршија 100 години од почетокот на Првата Светска војна и дека оваа тема научно стана археологија и историја на нашто совремие. Нивниот одговор беше: ”Абе шо се замараш со тоа” – став на најголем дел Македонци кои веројатно не се свесни дека и ‘официјално’ станавме побогати за уште едно огромно културно-историско наследство кое допрва треба да се истражува, документира, публикува и промовира.

Типичен пејсаж фатен на патот помеѓу селата Рибарци и Брод во општина Новаци

Типичен пејсаж во Пелагонија фатен на патот помеѓу селата Рибарци и Брод во општина Новаци

Да, ама ете, како археолог и како менаџер на ХАЕМУС, една од поголемите приватни организации за научно истражување и промоција на културата на Балканот, сметам дека на мене ми е работа помеѓу другото, да се замарам и со културното наследство од Првата Светска војна во Македонија. Интересот започна пред една година кога добив понуда за развој на меморијалниот туризам во Република Македонија. Почнав да барам научна и стручна литература, со која би можела да го потполнам теренското искуство. На мое големо разочарување, фрустрацијата беше прилично голема кога едвај успеав да најдам само неколку домашни трудови и една цела книга посветена на оваа тематика. Ги посетив скоро сите општини во Македонија каде постојат видливи остатоци од Првата Светска војна, а појдов дури до Нормандија за да се стекнам со искуство од областа на меморијалниот туризам. Таму ја имав честа да посетам неколку историски локации во Долна Нормандија поврзани со Втората светска војна и истоварувањето на сојузничките сили и да бидaм дел од турата ‘D-day’. Ми останаа во спомен Музејот во Каен посветен на Втората светска војна кој за мене претставува еден од најавангардите музеи што сум ги видела на оваа тема, како и Музејот во Перон кој е една од ретките институции што ја раскажува приказната за Првата светска војна, се’ до моментот на помирувањето на Франција и Германија и употребата на булката како симбол на сеќавањето.

Топонимот познат како 'Кота 1050' во општина Новаци, поврзан со познатата 'Битка кај Црна река' за време на Првата Светска војна

Топонимот познат како ‘Кота 1050′ во општина Новаци, поврзан со познатата ‘Битка кај Црна река’ за време на Првата Светска војна

Посетата на општина Новаци опфати повеќе локации и села каде се уште постојат делови од разурнати комплекси на бункери, позиции, митралески гнезда и ровови кои може да се видат и денеска, археолошки и етнолошки теренски остатоци од секаков вид и повеќе или помалку организирани гробишта на војници од различни националности и религии кои својот живот го загубиле на територијата на Македонија, на дури и нам малку познатиот ‘Македонски фронт’. Од она што го видов на терен во еден ден, скоро ништо не е документирано, ниту пак публикувано. И додека во Европа тематиката за Првата Светска војна во научен, но и во туристички поглед е веќе одамна исцрпена, Македонија е на прагот да ја испише својата страница од светската историја со сопствени ресурси.

Тука биле позициите на Антантата, се гледаат и вкопаните пештери и тунели во карпите, а тука на спротивното брдо рововите на Централните сили. Овдека на ова поле кај Бач бил воениот аеродром, а таму малку подалеку го гледаш она брденцено што е зарамнето, е таму биле магацините и хангарите. Тука пред Скочивир имало огромна болница, она е патот кој го направиле Французите уште во 1916г., а таму малку подолу во истиот пејсаж е врамена локацијата на познатата ‘Битка кај Црна’ – ми објаснуваа со жар Кочо и Сашо. Археолозите и покрај историските и теренските остатоци, би биле ранлива категорија на експерти, да не се антрополошките белешки. Во главата ми се вртеше црно белата фотографија на една полска монахиња. Се прашувам која е нејзината лична приказна да дојде во жарот на војната во Новаци и да им помага на ранетите војници вдолж Македонскиот фронт.

Дел од остатоците од Првата Светска војна во општина Новаци дф

Дел од остатоците од Првата Светска војна во општина Новаци
Фотографиите се сопственост на ПЕГАЗ – ЕДУ (Битола)

Новаци е прилично рурална општина каде земјоделските/градинарските култури се доминантни, но на мое големо изненадување, скоро до сите локации од Првата Светска војна има релативно добар пат, а инфраструктурата е еден од најважните елементи за развивање на туризам од било каков тип. На враќање ја имавме можноста да испиеме кафе со градоначалникот на Новаци кој беше известен за нашата посета и изрази желба да се запознаеме и покрај тоа што беше рано утрината во неработна сабота, предпразничен ден пред Илинден.

Појдов да видам со колкаво културно наследство од Првата Светска војна располагаме на терен во нашата богата држава и се вратив со неверојатни впечатоци. Си заминав со мислата од сончевата Пелагонија дека еден ден до таблата на општина Новаци треба да стои уште една табла, добредојдовте во регионот на Првата Светска војна во Македонија, добредојдовте на Македонскиот фронт.

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива