In this picture made available by Szczecin University’s Department of Archaelogy on Monday, Feb. 1, 2010 one of three Neanderthal teeth discovered in Poland is pictured . A team of Polish scientists say they have discovered three Neanderthal teeth in a cave in the southern part of the country. Mikolaj Urbanowski, an archaeologist and the lead researcher, said Monday that, although Neanderthal artifacts have been unearthed in Poland before, the teeth are the first remains of Neanderthals themselves discovered in the country.
Cave men weren’t obese. That’s the inspiration behind a new weight loss craze in America. Paleo-dieter Vlad Averbukh allows himself fruits, vegetables and meat — anything that can be eaten raw — but no dairy or grains, following an adapted version of the feeding habits humans followed during the Paleolithic era.
Before Lucy came Ardi. After the archaeologist found the new earliest hominid, the story of humankind is reaching back another million years as scientists learn more about “Ardi,” a hominid who lived 4.4 million years ago in what is now Ethiopia. The 110-pound, 4-foot female roamed forests a million years before the famous Lucy, long studied as the earliest skeleton of a human ancestor.
Човекот е суштество кое нема ниту оштри заби, ниту способност да трча брзо за да се заштити од напаѓачите. Со оглед дека ги нема истите физички квалитети како животните, тогаш што е тоа што го направило супериорен предатор на планетата Земја? Секако, природната способноста да се фрла и убива од далечина.
Луѓето имаат потреба да фрлаат со разни предмети кога се нападнати или кога сакаат да нападнат. На почетокот тоа било со дрва и камења, а подоцна почнале да се употребуваат алатки како што е Атлатл или фрлачот на копја. Според археолошките докази иако првите копја за сега најрано се сретнуваат околу 400 000 год. п.н.е. на локалитетот Schöningen во Германија, атлатлот како техничка направа не почнал да се употребува се до крајот на Леденото доба. Првите наоди доаѓаат од културата Магдалениен, околу 15 000 год. п.н.е. Се сретнуваат и кај палео-индијанските култури и кај Абориџините.
Пред некое време Џаман ме потсети на оваа практика на фрлање дрва и камења кај некои индивидуи со низок коефициент, која е задржана до денешен ден. Можеби како ”антиквитет” од капацитетите што ги поседувале одамна исчезнатите наши предци.
Ми текнува пред 2 години кога мојот ментор од Универзитетот во Белград, проф. д-р. Душан Михаиловиќ со воодушевување ме извести за едно извонредно откритие – заб од Нендерталец кој тој и неговиот тим го пронајдоа во пештерата Црвена Стијена, Црна Гора. Староста на овој наод кој веднаш беше пратен во Институтот за палеоантропологија во Загреб, беше проценета помеѓу 45/50.000 и 150.000 години п.н.е.
Зошто се важни овие наоди, кога на пример се работи за остаток од хоминид? Бидејќи артефактите како заби, посебно од Неандерталец се исклучително ретки не само во Европа, туку и во светот, а ова е прв ваков наод во ЈИ Европа, ако не сме сметаат скелетите од пештерите Крапина и Виндија. Всушност секој наод од нашите предци е важен бидејќи до сега се пронајдени многу малку ваков тип на остатоци.
Гледајќи го своевремено документарецот на BBC во четири дела Walking with Cavemen, во еден момент забележав дека нараторот ги споменува сите досега откриени палеоантрополошки пронајдоци, чија бројка и обем може да се сместат во само неколку кутии од некој плакар. Со оглед на општо познатото заедничко минато, ќе се сложите дека е тоа премалку за да се мапира богатата генетска одисеја низ која поминал човекот.
Пред некој ден во статија од списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS) беше публикуван првиот сериозен доказ за употреба на декорација кај Неандерталците, боење на накитот кој го носеле, па евентуално и траги кои упатуваат на боење на телото. Ова е навистина сериозено тврдење кое еднаш за секогаш ги побива сите досегашни тези дека исклучиво само на модерниот човек (Homo sapiens sapiens) му припаѓало екслузивното право за употреба на “make-up” за декорирање и ритуални намени.
The shells were coated with residues of mixed pigments
Украсите за тело направени од обоени и перфорирани школки со старост од 70,000 до 120,000 години, до сега беа пронаоѓани на територијата на Африка и Блискиот Исток и служеа како потпора за тезите во врска со симболизмот на раните модерни луѓе (Homo sapiens). Отсуството на слични докази во Европа од тој период кога на територијата доминирале Неандерталците, беше поткрепена со мислењето дека ним им недостасувала оваа карактеристика како потенцијален знак на ментална инфериорност, што пак одеше во прилог на теоријата дека можеби тоа помогнало модерните луѓе евентуално да ги заменат.
Долго време во науката за Неандерталците се сметаше дека немале когнитивни капацитети за изработка и украсување на накит, па затоа овие наоди од Шпанија се доказ дека одамна исчезнатите хоминидите сепак биле способни за симболизам, бидејќи тоа е карактеристика која до сега им се припишуваше само на модерните луѓе.
Ако боените школките се навистина користени како елементи за персонална декорација, тоа укажува на повисок степен на симболичко значење, но и знаци за постоење на култура. Ако некој некогаш се обидел да направи ѓердан, или бразлетна, тогаш знае дека му се потребни илјадници школки за да го стори тоа. Ама ете потребни се само неколку школки да ги протресат добро темелите на теориите за човековата еволуција.
Додаток:
Во Македонија се пронајдени среднопалеолитски култури од Мустериенот за чии камени индустрии е потврдено дека ги правеле Нендерталците, но не се пронајдени антрополошки остатоци на ископувањето. На Балканот исто така постојат остатоци од хоминиди означени како Homo neanderthalensis, а сосема доволно е на google да пребарате за пештерите Козарника (Бугарија), Баланица (Ниш, Србија), Виндија, Крапина (Хрватска), Дивље Бабе (Словенија), па евентуално и за Петроварадинската тврдина во Нови Сад каде пред 3 години беше откриена среднопалеолитска култура датирана околу 40 000 BP чии носители биле Нендерталците.
Во своите научни трудови доста често го цитирам Ристо Гаревски, бидејќи во педесеттите години од 20 век, при едно палеонтолошко ископување на пештерата Макаровец (Велес), пронајдени се и првите палеолитски артефакти од Македонија, во стратиграфски контект. Овој локалитет преставуваше репер за идните археолошки рекогносцирања насочени кон палеолитот во кои и самата имам учествувано.
При палеонтолошките сондирања во 1955/65 во средниот дел на Македонија во пештерата Макаровец (кај Велес) се откриени пет артефакти несигурно определени во доцен палеолит, како и доцноплеистоценска фауна потврдена со фосилни остатоци од пештерни мечки (Ursus spelaeus), хиени (Crocutasp.), лав (Panthera sp.), козорог (Capra ibex), волк (Vulpes vulpes), лисица (Canis lupus), коњ (Equus caballus), магаре (Equus xydruntinus).
Секој пронајдок на овој изумрен вид животни е проследен со сензација и внимание. Зошто пронаоѓањето на еден ваков примерок како мамутот, или поточно на изумрените видови животни од Леденото доба предизвикува огромен интерес кај научниците, а тоа го свртува и вниманието на медиумите?
Изумрени животни од Леденото доба
Археозоологијата е студија на остатоци од животни од археолошки локалитети – коска, заби, рогови, слонова коска, влакна, лушпи, и школки. Археозоолозите се интересираат за односите меѓу луѓето и животните во минатото, проучувајќи разни видови на животни кои ги вклучуваат цицачите, птиците, рибите, рептилите и влекачите, како и школки и други безрбетници. Коските не се секогаш присутни на археолошките локалитети, што зависи од условите како се зачувувале, и најчесто само по некоја коска или делови од коски можат доволно добро да бидат зачувани за археозоологот да може да ги проучува.
Што е она што предизвикало мамутот и многу други цицачи да исчезнат од земјината топка уште пред да дојде холоценот, или нашата геолошка сегашност? Климатските промени, човечките активност, геолошките промени, или во комбинација од се по малку се најчесто споменуваните опции. Повеќето научници во последното десетлетие се сложуваат со теоријата дека климатските промени го условиле истребувањето на големи диви животни кон крајот на Плеистоценот, иако постојат и аргументите за и против човековата улога.
Археозоолозите одговараат на прашања за тоа дали животните биле истерани, ловени или одгледувани, за тоа како биле колени, колку месото придонело за исхраната, кога животните умирале, и секако процесот на нивното припитомување. Студиите за фауна на археолошките локалитети конкретно, можат да покажат за тоа кои животни биле ловени и јадени и во колкав однос. Тоа дава даваат информација за сезоната на користење на локалитетот или за времето на ловење на животните.
Покрај тоа што е коската корисен материјал за правење на алатки, поточно инструмент при нивното добивање како чукала т.е. перкутер, во доцниот палеолит луѓето од еден камп во местото Межирич (Mezhirich,Украина), коските од мамутите ги употребиле да направат привремени живеалишта. Во археологијата овој локалитет пронајден од еден фармер во 1965 година, е познат како засега најстарото засолниште направено од праисторискиот човек.
Реконструкција на живеалиште од коски на мамут
Украина, c. 16,000 – 10,000 п.н.е
Заклучок
Коските од животни на археолошките локалитети, посебно на оние со голема старост, не се пронаоѓаат толку често. И поради тоа нивното значење е големо. Фауната може да биде присутна само ако на археолошкиот локалитет постоеле добри услови за да се зачува. Присуството на разни видови може да ја индицираат важноста во исхраната на човекот (во помала или поголема заедница) и да ја документираат локалната околина. Возраста и полот на животните во една збирка од коски ни кажува за активностите на ловење и чување на стада и за човековата интеракција со животинските видови. Школките можат да укажат на трговијата со далечни простори и комуникацијата помеѓу луѓето во времињата кога нема никаков друг доказ освен археолошките артефакти. А понекогаш може да се случи да се пронајде артефакт кој добро ќе ги протресе темелите на теориите за човековата еволуција.
Додаток 1
Ако сакате да си го преиспитате вашето знаење за постоењето на животните во праисторијата, можете да се обидете да решите еден мал квиз.
Binford, Lewis R. 1981. Bones: Ancient Men and Modern Myths. New York: Academic Press.
Reitz, Elizabeth J., and Elizabeth S.Wing. 1999. Zooarchaeology. Cambridge Manuals in Archaeology. Cambridge: Cambridge University Press.
Dincauze, D. F. 2000. Environmental Archaeology. Cambridge: Cambridge University Press.