web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

Archive for the ‘Лично’ Category

PostHeaderIcon Викенд предлог – Рамно, а така возбудливо

Во 2013 год. ХАЕМУС го стартуваше проектот ,,Културен и ресурсен менаџмент на Скопска Црна Гора“. Овој долготраен проект кој е наменет за научна и туристичка валоризација/промоција на овој предел вклучува менаџирање на културното, но и на природното наследство на овој регион. Уште на самите почетоци тимот на ХАЕМУС беше привилегиран да го пронајде и да го дефинира археолошкиот локалитет ,,Балаклија” кај с. Мирковци, а веста беше проследната од скоро сите медиуми во Македонија.

View Skopska Crna Gora Mountain in a larger map

Пејзажот на Скопска црна гора е пресечен со многу живописни долини и водни патишта, поволна клима за флората и фауната, и села со автентична традиционална архитектура, убави лозја, овоштарници, ливади и градини со многу бачила и особено со многу стари мелници. Големиот број археолошки локалитети, а особено огромната концентрација на зачувани византиски цркви на толку мала површина, му ги имаат дадено името на оваа локација како ,,света планина на Скопје”. Различни етнички групи, кои ја одразуваат мултиетничката и мултикултурната Македонија, понекојпат може да се видат во традиционалните народни носии и облека.

За да ја промовираме сo ХАЕМУС и пошироко Скопска Црна Гора, во рамките на мојот настап на 20-от симпозиум на Еврсопските археолози во 2014 год. во Истанбул (Турција) се појавивме со промотивен постер за светата планина на Скопје. Упатувам благодарност до Скопската епархија и до МПЦ-ОА кои ни излегоа во пресрет во однос на многу работи при нашите тековни истражувања.

Постерот за СЦГ, којшто го претставив на 20 симпозиум на ЕAA во Истанбул

Бидејќи често одам на СЦГ, овојпат ќе напишам една белешка за да го потенцирам врвот Рамно (1651 мнв.), кој и покрај својата питомост, воопшто не е лесно да се освои. До Рамно може да се стигне на неколку начини, со планинарење од неколку часа преку селата (последното е Бродец), со возење на велосипед или со автомобил. Кога ќе стигнете под врвот ви се отвора една прекрасна висорамнина поради која самото место го добила топонимот ,,Рамно” со мали ритчиња и мношто опојни билки, па освен пешачење, можете да собирате кантарион, нане, а дури до јули и мајчина душица. Оттаму се отвора погледот на една страна кон Кумановската котлина, а на другата страна кон с. Танушевци и Србија. Moже да се прават отклонувања до некои од манастирите или да пешачите покрај рекичките на планината, бидејќи  има убави патеки за шетање, а видикот од врвот е волшебен!

Ramno_Skopska_crna-gora

Oдамна сфатив дека оваа планина, така блиску, а толку далеку од скопјани нуди прекрасно задоволство за сите сетила и не грешам што секој свој слободен момент го поминувам на падините на Скопска Црна Гора. Прошетајте и самите низ Светата Планина на Скопје и споделете ги своите искуства :)

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats