My 3.0 music box » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

8th November 2008

Where the Hell is Matt?

 

Во моментов Where the Hell is Matt? е веројатно едно од најгледаните видеа на популарната мрежа youtube, со преку 11 милиони кликања од 20.08.2008 кога за прв пат е претставено на јавноста. Се работи за едноставниот видео клип на Matt Harding, човек кој работи на развивање видео игри, и неговото танцување пред најпрепознатливите интернационални места низ светот.

Мет одамна го стокмил ова видео додека бил еднашка на одмор во 14 земји , а подоцна го праќал на своите пријатели и роднини за забава. Меѓутоа видеото доживеало невиден интерес и било постојано препраќано, па Мет се решил да направи второ продолжение во 2006 и трето во 2008 година. Во последната апдејтувана верзија која е 83 видео клип најгледан на сите времиња на youtube и 92 - Most Subscribed (All Time), Мatt танцува во 42 земји околу светот со илјадници статисти околу него.

Видеото е забавно, а башка и поучно за светското културно наследство. Она што мене ми беше интересно (секако освен музиката која ми се допаѓа) е тоа што Мет ги има одбрано најпознатите и најтипичните landmarks во земјите кои ги посетил. Претпоставувате дека ова е одлична реклама за земјите каде гостувал. Каде ли само спиеше нашето Министерство за култура додека Matt го снимал видео клипот за помалку од 190 илјади евра.

напишано во My 3.0 music box, Антропологија, Архео TV 2.0, Археологија, Архитектура, Етно-археологија, Медиуми, Туризам, Уметност | 0 Коментари

29th March 2008

(К)ултурно (У)метнички (Р)аботници

 

Конечно, овој концерт решив тие да ми платат карта и да ми поклонат ЦД. Како компензација што толку години ,,ја трпам” нивната музика и одам по свирките што ги организира оваа супер културна мега-хит група.

Се прашувате зошто нивните настапи се како фешта и добра забава со атмосвера во публиката? И вие да дојдевте еден петок за време на Рок Фестот во МКЦ, кога по повод промоцијата на вториот албум Amore Bene Tutti Prego - (К)ултурно (У)метничките (Р)аботници направија свирка, веројатно ќе ви станеа некои работи појасни.

дел од атмосверата во МКЦ на 21.03.2008

Не дека требаа да остарат за да станат славни. Не дека ми се некои од членовите на бендот пријатели и ги знам повеќе од половина живот. Ниту дека помеѓу нив имам и роднини. Туку најмногу поради фактот што е многу тешко да свириш панк-рок со песни во кои се опишани луѓето од нашето секојдневие или медиумите, а притоа да успееш да си и жесток и позитивен, и еуфоричен и забавен, со шармантни текстови на кои не им недостасува доза сарказам, иронија и хумор.

Мислам дека написот од Време ,,Дваесет и две песни, туркање и поезија” најдобро може да ја долови атмосверата на оваа свирка. А постов е само мала благодарност до членовите од групата што ми развеселија една мартовска вечер. Овој напис секако треба да послужи за нивна промоција, и не е предвиден да се користи во ,,комерцијални” или било какви други цели. :D

Културно уметничките работници се еден од трите потенцијални бендови кои веројатно ќе свират на журката од прославата на мојата магистратура. Иакo они се уште не го знаат тоа. :)

Профил на myspace
Уметниците на Македонска Википедија

напишано во My 3.0 music box, Разно | 0 Коментари

22nd March 2008

Motorcycle Emptiness

 

 

Песна која секогаш, ама баш секогаш ме расположува.

напишано во My 3.0 music box | 0 Коментари

17th March 2008

(К)ултурно (у)метнички (р)аботници - Amore Bene Tutti Prego

Ќе ме умрат ова родниниве по бендовиве. Ај да не кажат после дека не сум пишала. Не за друго, сите ме читаат. :)

И сакам гратис карта. Не ми е до парите. Туку до статусот. :))))

напишано во My 3.0 music box | 0 Коментари