Разно » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

29th October 2008

Отворена покана - Неолитско Село “Тумба Маџари”

Археолошкиот локалитет Тумба Маџари четврт век чекаше да стане споменик , и уште толку да биде конвертиран во неолитско село, поточно музеј под отворено небо како што е случај со одреден дел од светското културно наследство.

За Тумба Маџари е надлежен Музејот на Македонија, кои спорадично го ископува повеќе од дваесеттина години, а во меѓувреме подигна и официјален веб сајт за овој археолошкиот локалитет.

Во Четврток, на 30.10.2008. год., во 11:00 часот нА локалитет Тумба Маџари, Музеј на Македонија и Општината Гази Баба упатија отворена покана за отворање на Неолитското Село “Тумба Маџари”. Овој настан се случува по повод завршувањето на првата фаза од археолошкиот проект “Реконструкција на неолитското село на локалитетот Тумба Маџари”.

Реконструкција на неолитска куќа од Говрлево

Кратко инфо за локалитетот:

Тумбата Маџари е неолитска населба која се наоѓа во северо-источниот крај на Скопје, помеѓу денешните населби Ченто и Маџари.

Претставува мала височинка - тумба со пречник во основа од 220 м. и висина од 3 м. Со изградба на претходно споменатите населби, а особено со неконтролираното подигнување на дивоградби врз и околу неа, создаден е нов амбиент во кој тумбата дури и не се забележува. Со градежните работи културниот слој е доста оштетен. Речиси 3/4 од населбата е целосно уништен за археолошки ископувања. Останата е само северозападната периферија од населбата на која и се вршат археолошките ископувања. На овој начин констатирано е дека се работи за средно неолитска населба со 3 м. културен слој кој хронолошки припаѓа на периодот помеѓу 6000 и 4000 години пред н.е.

Покрај остатоци од населбински куќи, значајно место завземаат керамиката, но и наодите од култна пластика, посебно антропоморфната. Пред се тоа е ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА, заштитничка на плодноста и куќата, представена на начин што е досега непознат помеѓу неолитските култури од другите балкански простори.

Како се стигнува до локалитетот:

Археолошкиот локалитет Тумба Маџари се наоѓа во населбата Ченто (помеѓу детското село и стадионот Борис Трајковски) и до него освен со автомобил се стигнува и со автобуските линии 23 (најблизу), како и 45, 65 и др. Во непосредна близина е на фудбалското игралиште, на околу 700 м., од левата страна на автопатот Скопје-Куманово-Велес.

Линкови:
Официјална страница на археолошкиот локалитет Тумба Маџари
Тумба Маџари на Македонската Википедија

Дополнителни линкови:
Големите Мајки Богинки - култ или…
Третман на археолошките локалитети во културен предел
Неолитско село во Македонија - музеј под отворено небо

напишано во Разно | 0 Коментари

2nd October 2008

Кажав и направив нешто добро за Македонија

 

На повеќето од вас кој ја пратат блогосферата, познат им е фактот дека на 28 март 2008 година во просториите на библиотеката ,,Браќа Миладиновци” се одржа промоцијата на едицијата ,,Блог-записи” во режија на издавачката куќа ,,Аквариус од Скопје.

Веднаш откако заврши промоцијата, дел од блогерите беа букирани да дадат изјави за одредени медиуми од кои морам да кажам дека голем впечаток ми остави Александра Соколовска од SKY NET Телевизија (сега ребрендирана во НАША ТВ), новинарка и дел од екипата која ја прави емисијата ,,Кажи и направи нешто добро за Македонија“. Таа со своите ислучителни прашања покажа доза на спремност во однос на познавањето на блогосверата, што сведочи за тоа дека пред да ги избере своите соговорници, одлично ги простудирала нивните блогови, постови и тематиката која тие ја третираат.

Поголемиот дел од блогерите добро се снајдоа пред камерите, ако се земе во обзир дека тие се експонирани, но во едно сосема поинакво ,,културно поле” кое не вклучува визуелна експресија.

А јас? Стварно што пак тоа јас ,,Кажав и направив толку добро за Македонија“, што не го направиле дузина други блогери? Само се борам за она што вистински го сакам - а тоа е археологијата.

напишано во Археологија, Медиуми, Разно | 0 Коментари

11th May 2008

Кој месец е Квинтилис?

 

Старите Римјани имале малку збунувачки календар поради многу причини. Кај нив, Септември не бил седмиот месец во годината, иако латинскиот број за 7 (septem) нашироко се употребува како таков во светот. Не постои некое општоприфатено пресметување со кое се одредува кој месец го нарекле петти. Па сепак… Римскиот збор за ,,пет” е quinque, а латинската варијанта за ,,пет” е quintus. Е сега…знаете ли кој месец го нарекле Квинтилис (Quintilis т.е Quinctilis)?

 

Прилично заплеткано, а? Одговорот на загатката се крие тука.

 

напишано во Разно | 0 Коментари

9th May 2008

Glocal 2.0 по вториот ден

 

Мојата презентација на Глокал 2.0

Со Дарко, модераторот на мојата сесија

За сите оние кои не беа во можност да пристуствуваат на конференцијата Глокал 2.0 која се уште се одржува во New York University Skopje, се тече во најдобар ред. Добра организација, одлични презентери, многу забава и дружење, и overload информации од светот на блогирањето, комуникациите и медиумите. Првиот ден помина супер, а еве веќе привршува и вториот ден со заедничка журка.

Во прилог ја постирам мојата презентација насловена како ,Blogging Archaeology: Creating an Open Access Source for Knowledge“, која е поместена на мојот профил на slideshare. Не го пропуштајте утрешниот ден, а посебно не ги пропуштајте работилниците за блогирање на Милош и Анастас.

Клучни зборови: , , , , ,

напишано во Разно | 2 Коментари