Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

Archive for the ‘Среден век’ Category

PostHeaderIcon Цоцев Камен (Cocev Kamen) – извештај од теренско рекогносцирање

На 03.08.2010 г, го посетив локалитетот Цоцев камен, кај мештаните познат и како Пештера, кој се наоѓа на 25 км од Кратово, во месноста Шопско Рударе. Самата карпа ги има следните географски координати: N. 42o.05’. 024’’ и E. 021o. 59’ и 227’’, а се наоѓа на надморска висина од 481м.

Пристапот кон локалитетот е овозможен од неколку правци, но најдостапен е преку асфалтниот пат кој води за Коњух, вдолж кој од левата страна се забележува карпа која по својата структура и облик се издвојува од околината.

За да се стигне до самата локација потребно е да се поминат околните ораници, како и исушеното речно корито на реката Врлеј, од каде преку нивите со житарици до самиот локалитет се простира во геолошки смисол на зборот првата речна тераса со квартерна старост на која се сретнуваат фрагменти од праисторијата до доцниот Рим. Во оној момент каде завршува култивираната површина, па се до карпата Цоцев Камен, теренот е покриен со ниска грмушеста вегетација од слаб интензитет, без видливи антропогени пореметувања.

Во археолошка литература овој локалитет се сретнува под името Трон ‡ Пешта, како населба од неолитското и доцноантичкото време. Во седумдесеттите години кога било вршено рекогносцирање на теренот од Апостол Ќерамитчиев, тој забележал дека на 1,5 км северно од маалото Цоцевци се издига висока карпа што доминира над околниот терен. На западната страна, под карпата се протега тераса со димензии од 70 х 60 м, на која има фрагменти од неолитски керамички садови со фина и груба фактура, со сива и црвеникава боја. Наоди се среќаваат и во подножјето на терасата, особено во нивите каде што се наоѓало подградието. Биле откопани неколку питоси и римски монети.

Наоди од фрагментирани керамички садови на Цоцев Камен

Древните луѓе обично својот изборот на живеалиште го бирале покрај вода. Иако современата хидрографска состојба околу Цоцев Камен ни укажува дека најблиската река – Крива река се наоѓа на неколку км од локалитетот, сепак речното корито на исушената река Врлеј, севкупниот релјеф во околината, како и наодите на керамика и камен во култивираните површини упатуваат на изборот на живеалиште кои првенствено го направиле луѓето од Неолитот/Енеолитот или евентуално Бронзеното доба. Насекаде се сретнува обилството на кремени делкани орудија, дополнети со керамички фрагменти од садови. Во многу мала концентрација може да се забележат фрагменти од питоси од римскиот период, како и парчиња на искршена глеѓосана керамика која била во употреба по 15 век.

Самиот топоним Цоцев Камен е локалитет на отворено, кој поради својата основа на карпа од вулканско потекло, обединува уште два типа на локалитети, пештера и полупештера/поткарпа. Локалитетот е изложен на ветер, на сонце и на атмосферски падежи. Најверојатно тоа е причината што не се живеело во – туку околу него, додека самата локација се употребувала повремено од страна на жителите во праисторијата, а постои веројатност тоа да се случувало и во подоцнежните периоди. Сепак, во одредени делови, како процепи на карпите или места обраснати со вегетација, се уште може да се пронајдат керамички фрагменти со најразлична старост.

Вдлабнатини во површината на карпата од Цоцев Камен

Преку стрмните вдлабени скали кои ги има на сите страни низ локацијата, се стигнува до повеќе рамни платоа каде се забележуваат интензивни зафати во камената структура. На едно од повисоките платоа постојат базени издлабени во карпата во кој се собира поголемо количество на вода. На двете страни од карпата има пештери (мештаните ги нарекуваат Мала и Голема) и поткарпи, а насекаде по оние површини кои имаат хоризонтална поставеност видливи се вдлабнатини со големина на колец, кои најверојатно ја имале таа намена и функција. Во едниот дел од карпата до кој се стигнува многу тешко, има поткарпа со полуовална форма и димензии од 5 x 1,5 x 2 m, каде со црвена боја се исцртани симболи со антропоген карактер.

Околу локацијата Цоцев Камен на блискиот рид, се забележуваат исправени камења кои би можеле да се толкуваат како мегалити, доколку геолозите го дадат своето стручно мислење дека се тие делкани и поместени од својата првобитна локација за да формираат одредена архитектонска целина. Само во тој случај науката би можела да говори во правец Цоцев Камен да се третира како опсерваторија, за што сепак се потребни дополнителни астрономски истражувања од најмалку барем 2-3 независни светски институции.

Цоцев Камен и неговата вредност ги открил уште во 1971 година д-р. Душко Алексовски, професор по француски јазик и основач на Центарот за карпеста уметност во Кратово. Неговите изјави дека Цоцев Камен е единствен локалитет во светот кој на едно место обединува светилиште, жртвеник и опсерваторија ќе предизвикаат контроверзии во македонската археологија кои и денеска се предмет на дебата. Но за жал не се и предмет на научна опсервација оти само неколку археолози, вклучувајќи ме и мене пошле на лице место да го видат овој локалитет, а никој од нив не се изјаснил јавно во релевантна публикација од било каков вид.

Заклучок:

Локацијата Цоцев Камен нема историјат на истражување во поглед на археолошко ископување. Сите анализи во овој извештај се изведени со еднодневна проспекција на регионот и околината со екипа која вклучи водич и палеонтолог.

Не секогаш надповршинскиот запис ги рефлектира подповршинските наоди, па без дополнителни археолошки ископувања пропратени со мултидисциплинарни истражувања, ќе остане спорно некогашното користење на овој локалитет, како и староста на археолошките слоеви во неговата близина. Исто така без стручни анализи не може да се тврди дали Цоцев Камен бил древна опсерваторија, но секако дека на самата локација постојат многу елементи кои би можеле локалитетот да го сместат во категоријата на светилиште. Официјално, Цоцев Камен е локација околу која се живеело од праисторијата, преку Римското доба, па веројатно се до средниот век, за што сведочат фрагментите на керамика. Во подножјето на карпата има археолошки локалитет на кој се регистирани наоди од неолит/енеолит/бронзено време и римското доба, а на самиот Цоцев Камен има видливи интервенции на карпите со доволно патина која сведочи за нивната старост и црвенофигурално карпесто сликање со засега непозната датација.

Сметам дека е нанесена огромна неправда во археолошката наука со игнорирање на овој локалитет, а уште повеќе што цела една научна гранка како карпестата уметност е изоставена од интересот и истражувањата на младите археолози, но и во предавањата на Катедрата по археологија во Скопје. Може да се негира нечие тврдење и мислење како нерелевантно, но не може да се негира фактот дека нешто постои, доколку тоа можете да го докажете со факти, во овој случај со артефакти.

Додаток 1 – Анализа на камениот материјал

Површинскиот камен материјал собран во близината, вдолж самиот пат помеѓу некогашното ниво на реката Врлеј и подножјето на Цоцев камен опфаќа камени делкани алатки изработени од калцедон со сива боја (кај народот познат како кремен), непровиден, со конхоидална/школкеста структура и со многу добар квалитет.

Помеѓу артефактите може да се детерминираат едноплатформни пирамидални јадра за добивање на одбитоци и сечила, рејувенациони артефакти и отпадоци. Рејувенационите артефакти потекнуваат од подмладување/освежување на суровинскиот материјал или евентуално од јадрата за добивање на алатки, кои се веќе истрошени. Тие се доказ дека на истата локација на која се пронајдени постоела или работилница или делкањето се одвивало во рамките на самата населба. Хронолошкиот дијапазон на кремениот материјал е неолит/енеолит/бронзено време, со оглед на тоа што овој тип на артефакти без керамика не може со апсолутна точност да посведочи за временскиот период. Во околината на Цоцев камен исто така се пронајдени и артефакти од мазнет камен – мелници и авани кои се изложени во општинскиот центар за карпеста уметност во Кратово.


Алатки од мазнет камен пронајдени на Цоцев Камен
(рачна мелница, тесла и аван)

Додаток 2 – инфо за локацијата

Покрај тоа што е археолошки комплекс, Цоцев Камен е исто така и туристичка атракција која ја посетуваат туристите од Македонија и од светот. Патот до таму е питом и може да се стигне со возило, но самата карпа е прилично опасна за искачување доколку немате кондиција или базични алпинистички искуства. Поради својата локација изложена на атмосферски влијанија, не е препорачлива за искачување  на болни и стари луѓе (посебно оние кои имаат нарушено здравје) и деца!

Bookmark and Share

PostHeaderIcon Покана за одбрана на докторат и за предавање на факултетот по историја

Во прилог постирам две информации кои ги добив деновиве, а ќе се одвиваат во реализација на Факултот по историја при Филозфскиот факултет во Скопје.

датум : 29. 04, 2010
време: 10:00 ч.
место: Свечена сала на Филозофскиот факултет

Одбрана на докторска теза Persomacedonica: македонското и персиското кралство од 510 до 336 год. ст. е. од м-р Војислав Саракински, под менторсто на проф. д-р. Наде Проева.

датум : 30. 04, 2010
време: 14:30? ч.
место: Амфитеатар на Филозофскиот факултет

Echoes of ancient data on Macedonia in Aenea Silvio Piccolomini’s description of Europe (Одгласи од античките изворни податоци за Македонија во описот на Европа од Силвио Пиколомини)

Предавање на проф. Д-р Бруна Кунтиќ-Маквиќ на хрватски јазик со симултан превод на македонски јазик.

Bookmark and Share

PostHeaderIcon Блог на археолошкото ископување Градиште-Таор, кaмпања 2010

Од пред три дена започна археолошкото ископување на локалитетот Градиште – с. Таор каде му се придружив на мојот колега м-р. Кире Ристов од Музејот на град Скопје. Според почетните информации, а во зависност од финансиите, би требало локалитетот да се ископува најмалку три месеци.

Местоположбата на археолошкиот локалитетот ,,Градиште” – с. се наоѓа на 20 км југоисточно од . За прв пат е откриен пред повеќе од сто години од англискиот патеписец , кој на местото на античкиот град го препознал се уште изгубениот град , а во селото – родното место на царот I , .

од мојот пост
По трагите на ,,Изгубениот град – Iustiniana Prima ” ?

Градиште-Таор покрај својот официјален сајт доби и блог, каде ќе биде апдејтувано се’ што се случува со локалитетот, околината и згодите и незгодите на екипата. За прв пат во Македонија јавноста постојано ќе ја има на увид работата на археолозите и таа ќе биде достапна за сите. :)

Линк до блогот: http://taor.arheo.com.mk/

*     *     *

Bookmark and Share
За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
September 2010
M T W T F S S
« Aug    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes