4th
February
2010
Ме замолија колегите од Македонското хералдичко здружение да ги промовирам активностите кои деновиве ги организираат во рамите на нивните заложби за популаризација и промоција на хералдиката во Република Македонија.
Предавање прво

Предавање второ

posted in Предавање, Хералдика |
24th
May
2009
Реномираната издавачка куќа „Archaeopress“ во рамките на B.A.R. (British Archaeological Reports) неодамна ја објави книгата „Орнаменти и телесност: Неолитска визуелна култура од Република Македонија“ на археологот м-р. Гоце Наумов.
По тој повод на 25.05.2009 во 19:00 ч., во просториите на Музејот на град Скопје ќе се одржи промоција со предавање во кое ќе биде вклучена и кратка презентација на клучните сегменти од оваа книга. Промотор на монографијата ќе биде проф-д-р. Никос Чаусидис.
Според авторот, оваа книга пред се’ има цел да ги презентира клучните елементи на македонскиот неолит пред пошироката светска научна јавност. „Во тој контекст, ова дело ги елаборира современите текови во археолошките истражувања, концентрирани на неолитската визуелна култура, а воедно и на изградено научно ниво го претставува предисториското, културно наследство од територијата на Република Македонија”.

Книгата е составена од осум поглавја како засебни целини кои нудат еден сосема нов методолошки и моментално светски приод при прочувањето на огромниот број наоди, кои потекнуваат од Неолитот во Република Македонија. Обидувајќи се притоа истите да бидат презентирани преку примери и компарации кои отсликуваат одредени материјални и духовни сегменти од животот на праисторискиот човек. Иако според мене, 30 години откако е поставена хронологијата на праисторијата во Македонија се досега, таа воопшто не е ревидирана или повторно евалуирана во духот на новите методологии, пракси или археолошки мисли.
Ова е еден од ретките, добри и оригинални трудови кои воопшто се појавиле и донеле нешто ново во македонската археологија. Честитки за мојот колега Гоце Наумов.
posted in Археологија, Книги и литература, Неолит, Предавање |
11th
May
2009
На 12 мај, вторник во 18:00 ч. во просториите на Американското катче (American corner) кое е сместено во Библиотеката Браќа Миладиновци, професорот Rolf Achilles од Art Institute of Chicago, ќе одржи предавање на тема:
Chicago Architecture Then and Now

Чикаго е веројатно еден од ретките места во тој дел од светот кои би сакала да ги посетам, посебно што лајт мотив уште додека студиравме на факултет ми беше архитектурата. Како град на модерната архитектура, асоцијацијата веднаш ме упатува на некои клучни зборови: домови, места, паркови, фонтани, куќи, музеи, делата на Луис Саливен (Louis Sullivan) и Френк Лојд Рајт (Frank Lloyd Wright) …

Можам да наредам едно чудо филмови чие дејствие се случувало помеѓу оваа волшебна архитектура, или барем бил снимен дел од сетингот. Меѓу последните на кои ми текнува е The Lake House со Кијану Ривс (Keanu Reeves) и Сандра Булок (Sandra Bullock) кој како филм не е ништо посебно, но сепак плотот сместен помеѓу гордата и секогаш своја архитектура на Чикаго му додава една топла нишка на целото дејствие. Посебно една од најдраматичните сцени која е снимена на скалите од Фондацијата за архитектура која и самата нуди преку 70 различни тури за посетителите кои како туристи секоја година доаѓаат од различни делови на светот за да го посетат овој град. Верувам дека ова ќе биде интересно предавање, какви што се впрочем и многу често настаните во Американското катче.
posted in Архитектура, Предавање |
9th
March
2009
posted in Предавање, Хералдика |