Додека единствениот блогерај во Македонија беше паднат/недостапен, всушност вистинската реакција за Визуелизација на центарот на Скопје во 2014 се разви на твитер. Доколку се следи hash tagot #skopje2014, ќе најдете многу духовите и ведри коментари на моментално жешкава тема која го преокупираше скоро секој граѓанин на Македонија.
Веројатно двата твита кои ќе одат во историјата се :
@flebur: #skopje2014 добро е што ќе има коњ пред собрание – да не ја згреши некој шталата
Некои луѓе го користат твитер за маркетинг, некои за споделување, трети за дружење, а има и такви кои само сакаат да бидат “тука” помеѓу за да го означат своето постоење. Twitter е дел од (р)еволуцијата на интернетот, до толку што ако google не го вклучеше во своите пребарувања, имаше голема можност да го уништи. Одговорот е едноставен. На Веб 2.0 правилото е sharing is carying. Посебно кога е во real time, како на твитер.
Во секој случај, за сите оние кои имаат отпор во еден свој текст веќе напишав:
Доколку не оставите траен запис на интернет, во иднината никој нема да знае ниту дека сте постоеле, ниту дека сте создале нешто зад себе. Ако мислите дека друштвените мрежи и твитер треба да одат по ѓаволите и сето тоа е губење на време, немојте да се грижите. Ако вие не ги пронајдете нив, верувајте во најскоро време, тие ќе ве пронајдат вас.
* * *
Би сакала да нагласам. Причината поради која сум повеќе наклонета кон твитер, отколку кон блогерај(и) е побрзо (би рекла молњевито) споделување на информации, но пред се пресек на мислењето за една тема/настан/случка. За кратко време сондажното истражување (означено со хаш таг) ќе ви даде приближно реален увид на ситуацијата, посебно кога се има во предвид урбанистички планови што е моменталниов.
Изминатава 2009 година ќе ја запомнам како исклучително успешна на професионален план. Многу конференции, појавување во медиумите и публикувани текстови придонесоа за прв пат кај македонските телевизии да биде цитиран еден блогер со својот став без извртување или плагирање на информациите.
Литература
Публикувани текстови за Културен живот, словенечкото списание “ARHEO”, pending on request за печатење уште два текста, еден за МАНД, еден за BAR на Archaeopress и не е така лошо за краток временски инттервал од пола година.
Ја направив научната реценија на обемната книга “Принципи во археологијата” од Даглас Прајс на македонски јазик, и покрај тоа што се уште не сум видела како ова печатено издание изгледа. Се работи за еден од проектите на Владата за збогатување на книжниот фонд во областа на повеќе науки, а терминолошките археолошки проблеми со кои се соочив ќе бидат изнесени во некој од идните постови.
Во меѓувреме весникот Дневник се дрзна да плагира еден мој текст кој е неколку пати објавуван и преобјавуван. Но во оваа држава работите можат да се решат само ако се направи скандал или не дај боже несреќа, па се решив за сега да не предизвикувам непотребни “потопувања”, иако понекогаш е неопходно.
Ан-(тикви)зација
За прв пат во македонската археологија се појави терминот антиквизација, кој го следев од самиот почеток. Наметнат од една интелектуална елита кој не ја познава етимологијата на овој збор, а наголемо употребуван од мејнстрим – но пред се кај новите медиуми, во преголема желба за докажување на нашиот идентитет согоревме во сториите со духот и гробот на Александар Македонски кои предизвикаа вистински збрки. Сето тоа беше надополнето со несоодветните изјави на некои мои колеги за светските археолошки списанија, па луѓето можеа да донесат заклучок дека Македонија е некоја недоџија, таму богу иза трегера со фејкерско третирање на археологијата како наука, кое е застарено дури и за некои минати системи. Поглавјето за антиквизацијата го затворив како досие, бидејќи реално не постои, па да видиме која ќе биде новата играчка на “стручњаците” кои најмалку се разбираат во археологијата како наука ама многу сакаат за неа да зборуваат.
Конференции/дебати
Годинава се појавив вкупно на пет конференции и дебати: Употреба на кирилицата на интернет, Жените во технологијата – Дигитални граници (Фемфест), BlogOpen09 (Ниш), Glocal 2009 (Inside Social Media) и E-society 2009 (Jас Медиум). Ако на другите бев активен партиципант, тогаш на последната сигурно без една од ѕвездите на конференцијата, зошто топикот кој го презентирав најмногу влијаеше на медиумите бидејќи имаше и најголемо ангажирање од нивна страна за заштитата на нашите археолошки локалитети. Освен на Blogopen, регионалната блогерска конференција, каде бев гостин, на останатите бев говорник и/или учесник на дебати. Машала, оваа година нека бидат уште повеќе, да ја калиме дигиталната ера на археологијата.
Размисли/Мислења
Проектот Via Egnatia го следев, но за жал не се вклучив директно на терен поради кревкоста на здравјето. Информацијата ја проследив до една од националните телевизии кои направија прилог. Од веб сајтовите кои беа пуштени во оптек на интернет ги споменав страниците за археолошкиот локалитет Таор и Македонскиот Археолошки Весник. Кампањата за промоција на туризмот со малку вулгарно вметнување и надмоќност на археолошки елементи во спотовите, ја коментирав во повеќе наврати (1, 2, 3).
Во 2009 година заврши процесот во кој со уште неколку активни членови на Македонската Википедија ја создадовме Викимедија Македонија, организација која е официјален локален огранок на фондацијата Викимедија. Со тоа го озаконивме нашиот повеќегодишен придонес кон македонската верија на Википедија, која ја подигнавме од ништо и ја доведовме до стадиум на моментални 37 000 статии. Признавам, порано бев поактивна во ажурирањето на написите, но затоа сега работам на промоција на оваа енциклопедија.
Како за крај
Многу патувања, посети на терени, изводени домашни и странски туристички групи, публикувани популарни текстови за археологијата и културното наследство во домашните списанија, научна работа, пракса и колаборативни истражувања со одделите за Археологија при БАН во Софија и САНУ во Белград, само ја заокружија 2009 година.
Не ми смета товарот на социјално ангажиран археолог. Посебно со предностите кои ги нудат Новите медиуми. Денеска и без ископување може многу да се стори да се заштити и презентира културното наследство на една земја. А јас токму тоа и го правам со својата активност на интернет, а во последната година и вон него. Сепак:
“Да не постоеше мојот здрав разум и неспремноста на компромиси само поради сензации, немаше да постои толку години ни овој блог“
Кога завчера напишав Твитај во реално време за да знае светот дека постоиш, сакав само да укажам на револуцијата која во моментот се случува а е поврзана со содржини кои корисниците ги постираат (линкаат) на некои од социјалните мрежи (под ова мислам конкретно на фејсбук) или на твитер. Три работи ме натераа да го напишам набрзина овој пост.
1. Откако беше постирано на твитер видеото „Social Media Revolution”, не помина многу време (во текот на денот) истото беше основа за текстот Револуцијата ќе биде твитувана на IT порталот, каде се објаснува “важноста на друштвените мрежи и напредокот на технологијата. Но, зборува и за тоа како се информираме преку друштвените мрежи”. Авторот на текстот Виктор Арсовски објаснува: “воопшто не барав некоја посебна информација, видеото само се појави бидејќи бев заинтересиран за што другите зборуваат. Подоцна видов дека линкот до истото видео е твитнат од повеќе корисници”.
2. Пред скоро една недела објавив пост со кратко инфо за Најстарата мапа на светот со претстава на пејсаж. Во денешен Дневник може да се прочита текстот Западноевропеецот пред 14.000 години изгравирал мапа во камен, кој е само уште еден од стотиците написи до сега кои потврдуваат дека новинарите ме читаат што ќе напишам на мојот блог/сајт. За разлика од пред неколку години, повеќе не ме крадат ами сум инспирација и репер за новите откритија во светот, иако се уште не размислуваат со своја глава и наместо нешто да создадат, препишуваат или ја употребуваат најлесната варијанта веќе долго време применувана од македонските медиуми – преведуваат светски статии без да напоменат кој е изворот.
3. Репортажата за Крушево етно град на BBC News само еден ден откако беше поставена на youtube, вчера беше твитувана и линкана на фејсбук, а веќе денеска се појави текстот Репортажа за Крушево емитувана на Би-Би-Си во Утрински весник. Еден симпатичен и пред се реален приод на новинарката од BBC успеа да го долови настанот-проект во Крушево за кои луѓето имаа поделено мислење пред да почне да се реазлизира.
Зошто го пишувам сето ова? Затоа што револуцијата веќе се случува и ако не бидеш дел од неа, таа ќе те одмине како да не си постоел/а. Доколку не оставите траен запис на интернет, во иднината никој нема да знае ниту дека сте постоеле, ниту дека сте создале нешто зад себе. Ако мислите дека друштвените мрежи и твитер треба да одат по ѓаволите и сето тоа е губење на време, немојте да се грижите. Ако вие не ги пронајдете нив, верувајте во најскоро време, тие ќе ве пронајдат вас.
Во рамките на „Проектот за заштита и архивирање на културното наследство од Егејска Македонија“ чиј иницијатор е Сојузот на стопанските комори на Македонија, Институтот за национална историја реши да реализира една идеја, која одамна требаше да биде документирана. Имено, во медиумите почна да циркулира повик на кој може да се пријават сите што имаат документи, писма, фотографии, артефакти, лични предмети кои се однесуваат на тој период.
Идејата е да се соберат сеќавања, артефакти, фотографии, сето она што го имаат луѓето кои ја искусиле судбината на егејската голгота, од 1941 до 1949 година. Проектот е многу значаен оти годините си одминуваат, генерациите по природен пат си заминуваат. За идните поколенија нема да остане ништо. Можеби по многу години некој ќе побара да види и да чуе човек што лично ја раскажува својата животна приказна. Сето тоа треба да биде документирано бидејќи е дел од македонската историја. На пример, претседателот на Иран денес кажува дека Холокаустот е измислица и дека воопшто не се случил – објаснува Чепреганов.
Воведот од мојата рецензијата за книгата “Проколната земја”, најдобро документира што точно се случуваше со егејците кога им беше дозволено да минат во Грција. За жал ми починаа и бабата и дедото кои беа родени во село Ајватово до Солун (денеска Лити), и сите нивни браќа и сестри кои би можеле да бидат сведоци. Се што имам дома се останатите тажни прикаски и секако документи, тапии од земјиште, фотографии, артефакти, географски мапи и многу други работи. Сега ли им текна да прават документација за егејците кога умреа оние кои вистински ја поминаа голготата?! Ќе почнат и децата бегалци да умираат додека ги направат записите. Малку е чудно што по толку години почнаа да се отклучуваат архивите, но добро е што барем се покрена некаква иницијатива. За некои работи никогаш не е доцна, бидејќи не застаруваат. Некои “болки” никогаш не биле вон фокусот на вниманието, a веројатно најтешки се оние кои човештвото ги носи инкорпорорано во својата колективна свест, за да послужат како пример на идните генерации.
Минатото не треба да се оживува, треба да се надживее. Но за да го надживееме, најпрво треба да го запознаеме за да можеме да го надраснеме. А пред тоа, треба да го запишеме.