web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

Archive for the ‘Културно наследство’ Category

PostHeaderIcon Мојата археолошка библиотека – интервју за Literatura.mk

Од моментот кога почнав да блогирам во 2005та година, па сѐ досега, поради природата на мојата професија како археолог, но и како некој којшто го менаџира културното наследство на Република Македонија, постојано сум присутна во медиумите. Во професионалното портфолио, зад себе имам дадено стотици интервјуа на сите можни типови медиуми. Причините и поводите биле различни, но секојпат тоа биле интервјуа во кои сум говорела за својата работа, проектите, култуното наследство. Ретко кој ме запрашал што е сето она коешто ме мотивира да и после толку многу години со истиот жар зборувам, работам, творам, пишувам, создавам и креирам од областа на археологијата. А тоа драги мои е многу едноставно, бидејќи во позадината на повеќето мои активности е нејзиното височество книгата, независно дали е таа во хартиена или електронска форма.

Со книгата  „Бајки од Македонија“, издание на Ars Lamina Фотографија Ана Зафирова

Со книгата „Бајки од Македонија“, издание на Ars Lamina
Фотографија Ана Зафирова

Што читам, кога читам, кое дело прво ми паѓа на ум кога ќе се спомене именката книга, дали книгите како предмети успеваат да станат археолошки пронајдоци, поради која книга се запишав на археологија и многу други работи читателите можат да прочитаат во новогодишното интервју кое го дадов за blog.literatura.mk, еден од начитаните блогови за литература што го менаџира издавачката куќа Ars Lamina.

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats