web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

Archive for the ‘Конференција, симпозиум’ Category

PostHeaderIcon Балканска Праисториска Конференција, Скопје, 2015

Следната година со тимот на ХАЕМУС - Центарот за научни истражувања и промоција на културата, ќе организираме меѓународна конференција по праисториска археологија, фокусирана пред се’ на Балканскиот полуостров. Конференциската тема насловена како ‘Населувања, култури и популациски динамики во Балканската праисторија‘ е доста широка и на истражувачите им овозможува да изберат една од неколкуте предложени теми за сесиии.

Конференцијата ќе се случува на 13-14. Март 2015 година во Скопје и ќе опфати настапи по сесии, предложени теми за дебата како и постер сесија. Особено се охрабруваат студентите по археологија и студентите по сите други компатибилни науки да приложат свои абстракти по сесии или евентуално постер. Настапот на ваков тип конференција се смета како официјална библиографска единица во научното CV.

Научниот одбор кој е составен од моментално најдобрите праисторичари од Балканот и од светот искрено се надева дека квалитетот на абстрактите, како и сериозниот и темелен пристап на партиципантите, ќе предизвика интерес во академската заедница која се занимава со праисториска археологија, што ќе помогне да се воспостави долготрајна и ефикасна научна соработка со домашните истражувачи и институции од областа на археологијата и културното наследство. Сите информации може да се најдат на официјалната веб страна, а како дел од организацијата достапна сум за консултација и за соработка на мојот официјален мејл: dimitrovska@haemus.org.mk

По завршувањето на конференцијата, презентираните текстови ќе се публикуваат во академското списание HAEMUS Journal Vol. 4 (2015), или евентуално како посебна суплемента.

Balkan_prehistoric_conferenc_2015

Prehistoric conference 2015: “Settlements, culture and population dynamics in Balkan prehistory”, March 13-14, 2015 Skopje, Macedonia

The prehistoric period in the Balkans undoubtedly attracts attention related to the questions about the spatial and temporal boundaries of the ancient societies, showing the common patterns, or maybe interweaving cultures. The conference theme “Settlements, culture and population dynamics in Balkan prehistory” is designed to encourage and inspire different ways of thinking about the past in the prehistory of the Balkan peninsula.

The main aim of the conference is to gather the experts from the Balkans and wider, and to discuss the latest achievements in the field of archaeology. The topics will be focused on main aspects of Balkan prehistory: methodological and theoretical frameworks for interpreting the archaeological record, artifact analyses and related disciplines. The conference offers the opportunity to get up close to Balkan prehistory and to discover some of the mysteries or challenges about this enigmatic period.

The main topics of the conference are:

• Landscape, settlements and human interaction
• Social relation and cultural dynamics of societies
• Interpretation of cults, rites and symbols
• Technological achievements • Art and material culture
• Bio-archaeological perspectives
• Managing archaeological heritage
• Current research

The ‘Settlements, culture and population dynamics in Balkan prehistory’ conference allows both undergraduate and postgraduate students of archaeology and related disciplines an unprecedented opportunity to share innovative research and views on the past.

Important dates:

October 15, 2014 – Deadline for the submission of Round Tables
October 16, 2014 – Announcement for thematic Round Table/s
October 17, 2014 – Applying for participation in thematic Round Table/s
January 15, 2015 – Deadline for the submission of paper and poster abstracts and participation in Round Table
January 01, 2015 – Early Registration
February 01, 2015 – Late Registration
February 15, 2015 – Registration closed

The conference is being organized by HAEMUS – Center for scientific research and promotion of culture.

Link: http://balkanprehistory2015.com

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats