9th March 2010

Да не постоеше интернет немаше никогаш да …

Како дел од приказната по повод 20 години од постоењето на Интернетот, македонскиот сервис на BBC почна да пишува одредени статии во кои се вклучија и некои македонските блогери со свои изјави. Интернетот го смени животот на современата цивилизација во приказна со непознат крај и секој од нас има лична причини како дел од колективната шема поради кои ја користи можеби една од најдобите цивилизациски придобивки. Темата ја иницираше Развигор, ја започна Мите, ја отворија Дарко и Марјан со свои постови, а јас продолжувам во сличен стил:

Да не постоеше интернетот:

1. Немаше никогаш да научам да блогирам а со тоа да ги споделувам јавно моите ставови и размисли за културното наследство и археологијата.
2. Немаше да издадам книга со текстови исклучиво напишани онлајн.
3. Немаше никогаш да ги откријам алатките на новите медиуми како уште едно поле во процесот на детектирање, презентирање и заштита на културното наследство, и со тоа и да имам ефект врз јавното мислење на граѓаните.
4. Немаше никогаш да се појавам на телевизија.
5. Немаше да комуницирам со толкав обем и брзина и да запознаам прекрасни луѓе од кои некои ми станаа лични пријатели или професионални соработници.

Да не постоеше интернетот ќе останев само уште еден обичен археолог во морето на непознати и анемични археолози во Македонија чиј глас воопшто не се слуша, а уште помалку се почитува. Во 2.0 светот, посебно во блогосферата едно од непишаните но најважните правила е интерлинкањето. Па ако веќе го правам ова по сите тертипи, тогаш ги повикувам Окиморон, Гершанина, Џаман, Волан и Букарски да кажат што тие би правеле да го немаше интернетот и како тој им го смени животот.

Апдејт: се приклучија и Рибаро, Киху Потру, КузманОв,

Bookmark and Share

posted in Блогосфера, Интернет, Историја, Лично, Општетсво | 10 Comments

5th February 2010

Коментари – Hash tag #skopje2014

Вчера некаде околу 13 ч беше промовиран проектот за архитектонското (пре)уредување на урбаното градско јадро на Скопје. За разлика од другите медиуми (тука мислам на печатените кои имаат свои веб сајтови), најбрзо реагираа од Утрински весник и први го искористија својот простор на интернет да известат за визијата како се замислува дека ќе изгледа Скопје во 2014 година.

Додека единствениот блогерај во Македонија беше паднат/недостапен, всушност вистинската реакција за Визуелизација на центарот на Скопје во 2014 се разви на твитер. Доколку се следи hash tagot #skopje2014, ќе најдете многу духовите и ведри коментари на моментално жешкава тема која го преокупираше скоро секој граѓанин на Македонија.

Веројатно двата твита кои ќе одат во историјата се :

@mgalevski: Најбољa заебанција у 2014 ќе биде се чекаме кај споменикот.#Skopje2014

@flebur#skopje2014 добро е што ќе има коњ пред собрание – да не ја згреши некој шталата :D

Некои луѓе го користат твитер за маркетинг, некои за споделување, трети за дружење, а има и такви кои само сакаат да бидат “тука” помеѓу за да го означат своето постоење. Twitter е дел од (р)еволуцијата на интернетот, до толку што ако google не го вклучеше во своите пребарувања, имаше голема можност да го уништи. Одговорот е едноставен. На Веб 2.0 правилото е sharing is carying. Посебно кога е во real time, како на твитер.

Ова се некои мои постови на таа тема:

Твитер и археологијата
Не живеј пасивно, сподели активно
Твитај во реално време за да знае светот дека постоиш
Како револуцијата ќе биде твитувана
Некои мои размисли …

Во секој случај, за сите оние кои имаат отпор во еден свој текст веќе напишав:

Доколку не оставите траен запис на интернет, во иднината никој нема да знае ниту дека сте постоеле, ниту дека сте создале нешто зад себе. Ако мислите дека друштвените мрежи и твитер треба да одат по ѓаволите и сето тоа е губење на време, немојте да се грижите. Ако вие не ги пронајдете нив, верувајте во најскоро време, тие ќе ве пронајдат вас.

*     *     *

Би сакала да нагласам. Причината поради која сум повеќе наклонета кон твитер, отколку кон блогерај(и) е побрзо (би рекла молњевито) споделување на информации, но пред се пресек на мислењето за една тема/настан/случка. За кратко време сондажното истражување (означено со хаш таг) ќе ви даде приближно реален увид на ситуацијата, посебно кога се има во предвид урбанистички планови што е моменталниов.

Па, среќно пребарување. :)

Клучни зборови: Скопје2014, архитектура, плоштад, Македонија, коментари, блог, видео, Археоблог, Василка Димитровска, Skopje2014, architecture, square, Macedonia, comment, blog, video, youtube, Arheoblog, Vasilka Dimitrovska

Bookmark and Share

posted in Антропологија, Археологија, Архитектура, Барок, Блогосфера, Документарни филмови, Интернет, Историја, Политика, Ренесанса, Римско време, Скопје, Туризам, Уметност | 3 Comments

26th January 2010

Мојот текст е само мој – реакција на соопштението од претставниците на медиумите

Откако постои македонската блогосфера, многупати сме биле сведоци како мејнстрим медиумите или веб порталите краделе содржини (понекогаш и оригинални) од блогерите. Секако имало и обратни ситуации, но се поретки. Која е причината што денеска беше објавено соопштение кое е потпишано од неколку македонски медиуми кои имаат раличен начин на публикување на своите информации? И што е тоа кое толку многу ги допре медиумите, за да се дрзнат посебно кон интернет заедницата да се обратат на таков начин со “закана”?

На средбата одржана на 24.12.2009, присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие медиуми во целост или делумно од дел на веб порталите и радио станиците во Република Македонија, со што директно се крши законот за авторски права, но и се нанесува реална штета со намалување на бројот на посети на порталите на медиумите кои ги продуцирале овие вести (информации). Од средбата произлегоа следниве заклучоци:

1.Заради заштита на нашите интереси и почитување на законот, Ве повикуваме како сопственик или одговорно лице на вашиот портал, најдоцна до 01.02.2010 на своите портали, преземените вести да ги објавувате само со наслов (поднаслов), директен линк (URL) до изворната вест, и тоа само оние вести и други информации кои соодветниот медиум би ги публикувал во наменски RSS (Really Simple Syndication) формат и во количина (наслов, датум, линк, фотографија итн.) која е публикувана со истиот RSS формат.

***

3. Ве повикуваме до горенаведениот датум да постигнете договор со сите медиуми од кои ги преземате вестите и другите информации кои потпаѓаат под Законот за заштита на авторски права.

@makfax

Ова јавно писмо, заеднички потпишано од неколку мејнстрим медиуми и веб портали се дрзнува да ги опомене луѓето кои работат со интернет за заштита на авторски права, кои некои од долупотпишаните ниту самите не ги почитуваат.

Еве само мала архива на интернет злосторствата направени од страна на медиумите кон блогерите:

- Блог “Тепај Време“: Вечер ги украде парите!
- Волан: Вечер ем здиплил напис од блогер – ем ке заслужи пријава за клевета и тоа во изборна кампања …
- Археоблог: Како весникот Дневник “позајмува” од мојот блог – Каде е гробот на Богородица
- IT.com.mk: Авторскиот труд не е бесплатен!

* * *

Мeдиумите имаа шанса да дебатираат со блогерите и со луѓето кои создаваат креативни и оригинални содржини на интернет, во рамките на конференцијата Е-општество која на почетокот од декември се одржа во Холидеј ин. Поточно, вториот ден од конференцијата беше замислен како округла маса за споделување на идеи и размисли на која беа поканети претставници од повеќе, пред се мејнстрим медиумите. И никој од нив не се појави.

Текстот на порталот It.com.mk се надоврза само како реакција на ова писмо и коментарите на твитер заедницата. Но да го поставиме етичкото прашање и во обратен правец. Колку од медиумите потпишани во ова соопштение ја почитуваат заштита на интелектуални и авторски права, кога ниту самите не ги цитираат странските извори од нивните колеги? А што станува тогаш со блогерите и лиценците на Криејтив Комонс? Дали и нив ќе ги испочитуваат како што сакаат да бидат и самите почитувани? Една стара поговорка вели: Не му прави на другиот нешто, што не би сакал да ти биде и на тебе направено.

Своевремено дадов една изјава за весникот Шпиц во однос на правната регулатива “Некои права задржани“ на Криејтив Комонс која најчесто ја користат блогерите, наспроти аксиомата на медиумите “Сите права задржани“. Поентата на моите бесплатни текстови за археологијата и културното наследство сите овие години откако сум присутна на интернет е споделување на знаењето и стигнување до научни содржини преку создавање извори со отворен пристап до корисниците, со едноставно цитирање (линкање) на изворот.

После долго патешествие, македонските медиуми имаат шанса повторно да седнат на иста маса со луѓето кои создават нови и креативни содржини и ги користат Новите медиуми како алатка.

* * *

Немојте никогаш да заборавите дека:

За некои генерации, Новите медиуми се единствениот извор на инфомации.

* * *

Bookmark and Share

posted in Блогосфера, Интернет, Медиуми | 1 Comment

9th January 2010

Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт

Ова е мој гостувачки текст на официјалниот блог на компанијата МКХОСТ каде ја хостирам својата wordpress платформа на која паралелно имам неколку сајтови (1, 2, 3, 4).

Во текстот ги пренесувам моите лични искуства и премрежја низ кои поминав на интернет се додека не почнав да пишувам на сопствена платформа, домен и хостинг. Од моите почетоци на блогирањето кои се поклопуваат со почетоците на платформата за блогирање на он.нет позната како блогерај па се до сопствена платформа, хостинг и сајт.

Со оглед на тоа што последните неколку години блогирам сама на независен домен и сопствена wordpress платформа, имам огромно искуство како да се справам со сите проблеми кои наидуваат. Предностите да се биде на сопствена платформа и сопствен хостинг се огромни. Имате онолкав простор и месечен сообраќај колку што ќе си закупите и единствена цензура е автоцензурата, a wordpress платформата нуди една раскошна палета од опции по желба на корисникот.

На интернет постои правило – се додека лично не поседувате сопствено виртуелно место, тоа воопшто и не е ваше. Доколку сте на некоја туѓа платформа каде блогот/сајтот ви е под наем, вие сте практично кираџија и вашето интернет катче му припаѓа на некој друг. Само еден профил (account) и една орвелова бројка повеќе. И доколку нешто од вашиот профил му се закани како спам на серверот на одредена платформа, тој автоматски ќе ве блокира. Затоа треба пред се да се едуцирате за Новите медиуми, за социјалните мрежи, блоговите, блог платформите, микроблогирањето итн. Што се може да сторите со нив, кои се вашите права, предности и ограничувања. Бидејќи нема веќе идина. Сегашноста им припаѓа ним.

Линк до текстот: http://ow.ly/1mP93s

Bookmark and Share

posted in Блогосфера, Интернет | 0 Comments

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes