web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs
Video|Channels|Community
Посети



Archive for the ‘Антропологија’ Category

PostHeaderIcon Неколку научни белешки околу Коледе и Бадник

Секоја година, години по ред, што на социјалните мрежи што офлајн го објаснувам начинот на кој паганските обичаи се претопиле во христијанството и создале симпатична симбиоза од традиција и религија. И дека македонскиот етнос е како како хард-диск кој со текот на вековите апсорбирал кодови и ги вткал во сопствениот фолклор. Постојано читам контрадикторни изјави во медиумите кога ќе дојдат на ред да се слават Коледе и Бадник, па решив да споделам сумирани белешки кои се научно публикувани за да останат во интернет архивата. Со други зборови, во рамките на ‘глобализацијата’, ако религијата може да ни одговори на прашањето ‘Кои не сме ние’, тогаш традицијата дефинитивно во многу поголем обем а со многу помала контроверзност, ни кажува ‘Кои сме ние’. ‘Верувајте’ во религијата, ама чувајте ја традицијата! 

books_traditions_beliefs_rituals

Дел од користената литература за овој текст

Коледе

Коледе е традиционален обичај кој започнува вечерта на 05. Јануари со коледарски оган, продолжува утрината со коледарски песни и трае до пладнето на 06. Јануари. Палењето на коледарскиот оган е во организација на скоро секоја селска или градска населба/општина во Македонија каде годишно се бира ‘’кум’’, кој е задолжен за менаџментот на настанот (дрва, музика, храна, пијалок). Се пали оган околу кој луѓето се социјализираат, јадат, пеат песни и го прескокнуваат, останувајќи/бдеејќи додека не изгасне. Утрото се карактеризира со коледари, помала или поголема мешана обредна поворка составена пред се’ од деца од предучилишна или училишна возраст. Тие носат коледарски стапчиња и со торбичка на рамо одат од куќа на куќа, тропаат и пеат обредни коледарски песни. Притоа им посакуваат на домаќините здравје, среќа и бериќет, а за возврат добиваат пари, овошје (ореви, костени, портокали, јаболка) и/или бомбони и др. Најчеста песна за време на овој обред е ‘Коледе леде, паднало греде…’, која завршува со зборови кои го најавуваат доаѓањето на најголемиот христијански празник – Божиќ. Коледе завршува на пладне на 06. Јануари кога преминува во Бадник.

badnikovo_lepce_2015
Breaking b(re)ad #Бадник2015 во мојата фамилија

Бадник

Обичај кој се празнува од пладне на 06. Јануари се до вечерта наспроти Божиќ и вклучува магиско-обредни дејства кои во минатото имале за цел да предизвикаат плодност на добитокот, родност на посевите и благосостојба на домаќините. За време на празникот вообичаено е луѓето да се дома во кругот на своето семејство, па оттука и поговорката: ,,Пред Божиќ, зад Божиќ, каде и да си, дома да си”. Бадник го карактеризираат: бадниковото гранче, бадниковото лепче и бадниковата вечера. Според народните верувања, најчесто како бадниково дрво се употребува гранката од даб, кој се сметала за свето дрво на кое му се припишувало волшебна моќ, да ја штити куќата од гром и оган. Луѓето може да го купат дабовото гранче во црква или да го наберат самите во планина, а честопати се украсува и вратата од домот со вакви гранчиња. Во меѓувреме домаќинката меси бадниково лепче во кое вметнува паричка, но поради брзиот начин на живот и немање доволно слободно време, денеска бадникови погачи со паричка се продаваат и во супермакетите.

Пред почетокот на вечерата се практикува обичајот на канење, кога Господ се повикува со зборовите: ,,Ела Боже да вечераме”. Бадниковата вечера започнува со палење на свеќа и понекогаш кадење на масата со темјан. Вечерата традиционално е без месни производи и се карактеризира исклучиво со посна храна. Клучниот момент од бадниковата вечерата е кршењето на лепчето во кое е вметната паричката, а парчињата се делат помеѓу членовите на семејството. Се смета дека оној кому ќе му се падне паричката, ќе го следи среќа во текот на целата претстојна година. Паричката може да се чува или пак да се однесе во црква и да се остави на икона. Кога ќе се седне на бадниковата вечера, мора да се касне од се што е поставено на неа и не се станува додека не се заврши. Според обичајот, храната од трпезата не се крева и се остава да стои цела вечер. За крај на вечерата се смета палењето на бадниковото гранче.

badnik

Имам да ви посакам само едно нешто воочи Божиќ. Нека ви биде оваа година благословена во секој поглед и нека биде подобра од претходната на секое поле. Од мене толку, од Господ, појќе. Среќен Бадник драги пријатели, мир со вас! 

PostHeaderIcon Како да си спремиш јадење од римско време

Луѓето сакаат да читаат за древните општества од минатото. Во реконструкцијата им помагаат цела плејада на научници: археолози, антрополози, етнолози, историчари, архитекти … Ако за праисторискиот период науката мора да се потпре на археологијата и на форензиката, скоро за сите други општетства постојат историски белешки, како за намирниците, така и за начините на готвење. Со таква основа, лесна е реконструкцијата на многу јадења кои ги практикувале цивилизациите пред нас.

Понекогаш и самата си спремам јадења од различни делови на светот и од различни историски периоди. Особено тоа е многу лесно за древните општества кои живееле на Балканот, бидејќи се што имаме денеска од намирници, можеле да се најдат и во минатото. Велам скоро се’, освен на пр. некои од зачините и особено компирот кој бил донесен од Јужна Америка во 16 век, па на пр. античките Грци, Римјани и Ромеи не го познавале како состојка.

Roman-food-at-Viminacium

Храна од Римскиот период во автентичен амбиент
Археолошки парк ‘Виминациум’

Во неколку наврати имам пробано храна од римскиот период во археолошкиот парк и локалитет ‘Виминациум’. Секојпат кога има некој настан, симпозиум или пак имаат посета на туристи, храната се спрема од готвачи и се служи во триклиниумот (трепезаријата). Еднашка ги прашав готвачите како им успева да спремат толку вкусна храна по тертипот од римскиот период. Ми одговорија дека се што му треба на еден готвач било каде во светот е рецепта и како да го спреми јадењето. А рецептите можете да ги најдете и самите на интернет.

Па така решив да си спремам паштета од римско време, или во превод тоа било паста, т.е. намаз. Во прилог подолу е рецептот и состојките кои ви се потребни:

- 200 грама семки од тиква
- 2 чешниња лук
- 1 голема лажица таан
- пола лимон
- сол
- црн бибер
- ореви (ракатка)

Preparing Roman food

Припрема на намаз од Римскиот период

Се одлучив да употребам таан наместо сусам, затоа што Римјаните исклучително многу го користеле сусамот во спремање на своите јадења. Во случајот ставив семки од тиква, иако може да употребите и семки од сончоглед, а во некои случаи намазот може да го правите и со маслинки. Исто така наместо толчени ореви може да додадете и кикирики. Впрочем, една домаќинка може да експериментира со рецептите на Римјаните онолку колку што и е фантазијата.

Roman quern - Vinica Fortress

Статична рачна мелница од Римскиот период Археолошки локалитет Виничко кале

Признавам дека многу ми помогна блендерот, оти во спротивно при правилна реконструкција би требало сето ова да го толчам и мелам на рачна мелница. Имајте во предвид дека луѓето од минатото користеле сирова храна, веднаш ја спремале и ја јаделе. Конзервацијата на храна е откриена во 18., а почнала да се употребува дури од 19. век.

Рецептот за намазот од римскиот период е многу едноставен: семињата се полеваат со ладна вода и се оставаат минимум 5 часа да отстојат. Така набабрени се блендираат и им се додава толчен лук, таан, лимон, сол по вкус, црн бибер и толчени ореви по желба. Добро се промешува и намазот е готов за јадење.

Roman-food-at-Viminacium2

Добар апетит. :)

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива