Археологија » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

20th November 2008

Порта 3 vs. Премин Портал - како до информации за археологијата во Македонија

 

На интернет не постои специјализирано списание за македонската археологија. Поточно, на интернет не постои воопшто било какво списание каде што ќе се прочитаат најновите достигнувања, истражувања и публикувања од областа на археологијата во Македонија. Во недостаток на оваков тип беседник, читателите заинтересирани за оваа наука сублимираните информации за одредени под дисциплини можат ги најдат на неколку места:

1. Порта 3 - списание за градежништво, архитектура и екологија

Во рамките на ова списание, во рубриката АРХИТЕКТУРА можат да се прочитаат одлични написи кои се авторски, посветени се на археолошките локалитети во Македонија каде е пронајден било каков тип на архитектура и се ставени во еден поширок контекст на кутурното наследство во однос на третираниот локалитет или регионот кој е обработен во одреден текст.

2. Портал Премин - електронско гласило на списанието Премин

Верувам дека ова списание им е познато скоро на сите кои се интересираат за духовноста и пропратните култуни манифестации поврзани со неа. Во категориите на овој портал постои ставка Библиска археологија, каде последователно од Мај 2007 година па до денеска, можат да се прочитаат написи на релацијата археологија <-> христијанство/религија. Текстовите генерално се позајмени од весници или блогови, па така на пример во еден случај линкан е Волан, еден негов нацрт за Ископувањата на Скопското Кале и еден видео клип поставен на неговиот канал на Youtube.

3. Проектот Растко Македонија - локална верзија на Проектот Растко

Овој проект кој е филијала на огромниот Српски Проект Растко, на своите интернет страници почна да поставува двојазични текстови (на англиски и македонски) од македонската археологија. Се надевам дека ќе продолжат со оваа практика на создавање богата архива од археолошки научен материјал, со што би ја пополниле огромната научна/јазична празнина (а со тоа и бариера) во непостоење на трудови од оваа област достапни за оние кои за жал не го владеат македонскиот јазик.

Заклучок:

Македонското археолошко научно друштво (МАНД) има сопствен сајт кој е прилично запоставен и спорадично апдејтуван. Од преку 5000 регистирани и барем 20% ископувани (или барем сондирани), само пет археолошки локалитети имаат сопствена веб страница. Дури и најавениот “Регионален центар за дигитализација на културното наследство на земјите од Југоисточна Европа”, се уште нема своја презентација на интернет. Читателите засега информациите за македонската археологија ги добиваат од:

-    дневни весници
-    специјализирани весници (Порта 3, Премин портал)
-   проекти, како што е на пример Центарот за дигитализација на националното наследство  - каде во долниот дел од секоја страница може да се прочита: Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира во било која форма освен со претходна дозвола,  што во некоја рака претставува ,,Приватизација на македонското културно наследство

Ако Владата на Република Македонија “обезбедува” толку пари за ископувања низ државава, чинам дека е ред конечно да даде пари и да се сработи еден асален сајт за македонската археологија. Или евентуално Портал за Културното наследство, да не мора вака распрчкано да се собираат информациите и научните трудови за и од македонската археологија по весниците низ Интернетов. Информации кои по секаков рандом случај за сега се исклучиво само на македонски јазик, па светот ни бил крив после тоа што не сме знаеле самите да се ставиме на дигиталната интерактивна културна мапа.

напишано во Археологија, Архитектура | 0 Коментари

18th November 2008

National Geographic’s Expedition Week

 

Почнувајќи од вчера, во периодот од 16-23 Ноември 2008, National Geographic Channel ќе пуштии on line видеа со научни студии од нивната неодамнешна продукција, од кои девет премиерно за прв пат. Независно дали се стари или нови, повеќето од видеата третираат иста тематика, а тоа е археологијата.

 

National Geographic Society е едно од најстарите списанија на светот кое излегува во континуитет. Основано е во 1888 година со цел да се пронаоѓаат, истражуваат и публикуваат научните достигнувања. Денеска не постои човек кој не чул за него, и со исклучок на Македонија, сите балкански земји со соодветна лиценца го публикуваат на сопствен јазик кој само придонесува за нивна огромна самопромоција.

Сите видеа се пропратени со фотографии и референтни линкови каде може да се прочитаат адекватни текстови за третираната тематика.

Каква ли уживанција … не само за археолозите :)

Линк: http://channel.nationalgeographic.com/series/expedition-week/

напишано во Археологија, Медиуми | 0 Коментари

12th November 2008

Босна и Херцеговина добива Катедра по археологија

 

Верувале или не, за прв пат во своето постоење Босна и Херцеговина конечно ќе добие Катедра по археологија (1,2). Ова е веројатно историски момент за земјата која комплетно беше уништена од војната во поранешна Југославија и во која царувааат квази-научници како Османагиќ и неговите Пирамиди, а вистинските археолози се соочуваат со немоќ при спасување на културното наследството барајќи при тоа помош од Европските археолози.

На припомош ќе дојде стручен кадар од Австрија, Германија и Словенија, но мене ме чуди фактот зошто се изоставени колегите од блиските соседни земји како Србија и Хрватска, кои и најмногу би имале корист од подоцнежните откритија со оглед на близината со БиХ, како и минатото кое во помал или поголемн обем било дел од археологијата/историјата на овие земји.

Во БиХ постои веќе една Катедра по археологија (во Мостар), основана пред неколку години, каде (според извори во весниците?!) исто така има одлични стручњаци.

До сега студенти по археологија од Босна и Херцеговина главно среќавав во Загреб и Љубљана. Па, нека им е со среќа на идните колеги. Unfortunatelly, they will pass the road less travelled.

напишано во WWWести, Археологија | 0 Коментари

9th November 2008

ТРАДИЦИОНАЛЕН БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НА СКОПЈЕ

 

Организатор: Туристички Сојуз на Скопје (ТСК)
Домаќин: Arwena
Тип: Еднодневна тура низ Скопје
Датум: Сабота, Ноември 15, 2008
Време: 11:00 am
Локација: Пред Дрводекор (спроти хотелот Holliday inn)
Град: Скопје, Македонија (погледни ја мапата)

Контакти на ТСК: телефон - 02 309 32 16; e-mail: info@skopjetourism.org

Туристичкиот Сојуз на Скопје вo сабота на 15.11.2008 за сите граѓани организира бесплатен разглед на градот со посета на културно-историските споменици Свети Спас, Скопското Кале, Скупи и Свети Пантелејмон.

Ова е традиционална туристичка атракција која се организира секоја година во чест на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје. Во реализација на овој настан покрај Туристички Сојуз на Скопје партиципираат и: Здружението на водичи на Скопје, Завод за заштита на споменици на културата на Република Македонија, Македонската православна црква и превозниците “Млаз” и “Вардар Еxpres”.

Поканети се сите заинтересираните граѓани на незаборавен излет. Се посетуваат сите наведени локации, со различен распоред во зависност од итинерарот кој ќе го добие водичот.

Автобусите ќе тргнат од пред Дрводекор, спроти Холидеј Ин во 11 часот.

Се надевам се гледаме на едно убаво дружење, јас ќе бидам официјален водич на еден од седумте автобуси.

Групна фотографија на луѓето кои дојдоа на
бесплатна тура низ археолошкиот локалитет Скопско Кале
што ја организирав пред настапот на Синтезис.

напишано во Археологија, Етно-археологија, Историја, Туризам, Уметност | 0 Коментари