Администрација » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

9th May 2008

Благодарност до Мк Wordpress тимот кој ми спаси 700 поста

 

Овој сајт го купив некаде кон крајот на декември, а благодарение на помошта од Ицко ја поставив wp платформата. Исто така тој го стокми овој привремен темплејт и го преведе на македонски. Во почетокот малку тешко го примив блогирањето на wp, зошто не бев навикната. Платформата не е совршена, но и ние луѓето не сме. Сепак за разлика од многу други, нуди огромни можности. Дури и една платформа како моќниот блогер после толку време постоење, пред некој ден постави опција за местење на тајмингот кај постовите.

Во меѓувреме не успеав да ги префрлам постовите од Блогер Мк, каде што претходно блогирав и се случи хаварија. Најголемиот проблем со постовите кои се наоѓаа таму (а се преку 700) настана кога пред извесно време платформата комплетно падна. Не можев никако да го исконтактирам админот за да прашам дали има некаков, било каков бек ап на податоците, а исто така не бев во можност да пристапам во администраторската папка на блогот. Со самото ова ми се заглавија сите текстови кои беа он лајн, како и оние кои беа драфтувани. Дури и рачно да ги преместував од самиот блог (т.е. копирам) пак би било прилично сложено, бидејќи имав поставено да се појавуваат само по 2 поста на страна. Тоа би било рамно на 350 кликови и нон стоп копи/пејст.

Многу благодарност до Мк Wordpress тимот на кого се обратив за помош. Посебно му благодарам на Ванчо Орданоски кој несебично ми помогна да се сработи сето ова за исклучително кратко време. Сите упатства како беа пренесени постовите од една крахирана блогерска платформа на wp ги имате на МК WP Блогот. Не дај боже, но што знам, овие упатства можеби некому ќе му бидат од корист во иднина. Во меѓувреме тој направи привремена база на еден од локалните сервери во неговата фирма, од каде релативно лесно можaт постовите да се пренесат тука.

Јас навистина не знам како да се оддолжам за стореново. Ако сепак постои начин, молам да бидам навреме известена. :)

напишано во Администрација | 1 Коментар

8th March 2008

Блогот како виртуелен артефакт

 

Прво да ја разгледаме тезата дали еден артефакт може да биде виртуелен.

Според многу дефиниции кои постојат за ракотворбите, артефактот претставува предмет кој човекот го направил или преправил и со него се користел во некое одредено доба или период. Артефактите можат да бидат готови или нус прозиводи добиени во технолошкиот процес на нивното создавање. Со кратки зборови - Артефакт е се што е man-made. Е сега оваа дефиниција под дифолт се однесува на периодот во кој не постоел интернетот, па мислам дека е редно за поместување на некои репери. И дефиниции. :)

Со напредокот на дигиталната технологија и самата создадена од човекот, мислам дека се руши границата на точната или вистинската дефиниција што е тоа артефакт, иако под тој термин се подразбира се што е физичко и може да се допре. Но дали ако некоја слика (како што се дигиталните фотомозаици) која е создадена со компјутерски процес и ја има само на Интернет, не е слика? Или артефакт?

На овие артефакти кои се настанати во дигиталниот свет и опстоујуваат во нивната автохтона средина како културен феномен на модерното опшество, сепак не може да им се намали нивното значење и функција, најмногу поради фактот што понекогаш имаат ефект и во реалниот свет. Тогаш што е вистина, а што реалност?…Наместо дебата своевремено напишав еден расказ, но кој како го свати. На крај заклучокот беше дека вистинска е онаа реалност која носи последици, сеедно од каков тип е таа.

Сепак, oтсуство на доказ (не) е и доказ за присуство … на артефактот.

Од друга страна секој артефакт има одредени атрибути според кои се категоризира, како што се основна морфолошка, техничка, стилска или функционална карактеристика. Така во блогот е содржано се што би можело да биде карактеристика за еден предмет, т.е. артефакт. Од денешна перспектива би можела да кажам дека се што е направено од човекот во физичкиот свет претставува аналоген, а се што е направено во дигиталниот свет, виртуелен артефакт.

Како што можам да забележам, единствениот линк помеѓу физичкиот и виртуелниот артефакт се човечките раце кои го создаваат и едниот и другиот.

Има виртуелни музеи. Има весници кои егзистираат само виртуелно. Зошто тогаш и блогот сам по себе како еден од многуте типолошки облици кои постојат исклучиво во дигиталниот свет, не би се третирал како виртуелен артефакт.


Текстот e поставен на Кајмакот. За постот можете да гласате тука.

 

напишано во Администрација, Археологија | 0 Коментари

24th February 2008

Археолошка креативна работилница - нова филијала на Археоблог

Оваа филијала на Археоблог моментално насловена како Креативна археолошка работилница или скратено Архео-креатива, го претставува моето креативно виртуелно катче. Со овoj веб простор дефинитивно ги одвојувам своите личните креации и афинитети кон разните категории на уметноста од сферата археологијата, иако несомнено тие честопати ќе се преплетуваат.

Страниците се во работната верзија и сајтот е се уште во изработка…

Секоја сугестија е добредојдена :)

напишано во Администрација | 0 Коментари

10th February 2008

Јас, Гебелс и мојот медиум

 

Што е медиум?
Колку медиуми знаете кои можат да ви пренесат порака?
Што е поважно - медиумот или пренесената порака?

Аксиома

Секоја подлога (површина) па дури и амбиент, реален или виртуелен, која може на мене да ми пренесе порака - е медиум. Исто како што е уметност секој материјален објект кој на нас ќе ни предизвика фокус на визуелно набљудување и пред се - уживање.

А сега малку теоре(ма)тизирање

Со текот на времето, од праисторијата па до денска медиумот кој пренесува некаква порака се менувал. Прво тоа било дрвото, па рогот, па каменот и керамиката. Подоцна тоа станале иконите, маслените платна, фотографијата, весниците и седмата уметност.

Наеднаш се појавува една поинаква подлога чии информации стигнуваат до сите луѓе. И веднаш читаме нервозни предупредувања за тоа како овој медиум треба да се земе со резерва бидејќи не е медиум, а неговите администратори не се новинари. Чуму тогаш толкава врева. Можеби затоа што постои начин кој обезбедува пристап до милиони луѓе, без за него да и се плати даночна стапка на државата? Или затоа што постои паралелна подлога која ни отсликува уште една поинаква верзија на реалноста? Да не кажам верзија која е всушност најблиска до реалната, оти понекогаш дури и вистината мож

Со текот на времето, од праисторијата па до денска медиумот кој пренесува некаква порака се менувал. Прво тоа било дрвото, па рогот, па каменот и керамиката. Подоцна тоа станале иконите, маслените платна, фотографијата, весниците и седмата уметност.

Наеднаш се појавува една поинаква подлога чии информации стигнуваат до сите луѓе. И веднаш читаме нервозни предупредувања за тоа како овој медиум треба да се земе со резерва бидејќи не е медиум, а неговите администратори не се новинари. Чуму тогаш толкава врева. Можеби затоа што постои начин кој обезбедува пристап до милиони луѓе, без за него да и се плати даночна стапка на државата? Или затоа што постои паралелна подлога која ни отсликува уште една поинаква верзија на реалноста? Да не кажам верзија која е всушност најблиска до реалната, оти понекогаш дури и вистината може да биде почудна од фикцијата.

Хартијата не е вечна, ама богами кешот на гугл знае да биде ,,злопамтило”. Така овие написи остануваат засекогаш на интернет да посведочат дека освен официјалната, постоела и една друга реалност. Некому допадлива или не, нормално во зависност од позиционираното седиште кое ни дава своја верзија на гледиштето.

Блогерите се коректори на едно општество и на сите пропратните аномалии кои никој јавно не ги споменува или пак ги прерипува.  Ниту се ,,медиум за информација” како што се тоа весниците, ниту настојуваат во тоа да се престорат оти ќе загубат од основниот шарм. А тоа е дека - ,,Блогот треба да биде гласот на народот”, а не на неколку поединци по весниците и ТВ медиумите кои ги пласираат информациите во јавноста.

За прв пат во историјата на човештвото на луѓето им е дадена една моќ.  Oд повеќето моќи кои можат да се набројат, веројатно најсилна е моќта да се каже сопствениот став.  Блогерите имаат право на свое мислење без да одговорат на ниту едно поставено прашање, ако тоа го посакаат. Но блогот е само една од илјадниците форми на интернетот, прилично моќна, каде покрај индивидуално, може да се сретне и колективно мислење за една одредена работа, што никогаш нема да се случи со мејнстрим медиумите. А иницијаторот на идејата е скоро секогаш во директна спрега со своите читатели и коментатори обидувајќи се во фит бекот да одбрани, докаже или надмине некој свој став. Затоа и го почитувам правото на блогерот да излезе со ник или со вистинско име, што е помалку важно во споредба со значењето на неговото мислење за одредена тема или ситуација.

And now the breaking news. Замислете според нечии критериуми од денеска јас сум Македонски канал за културно наследство , бидејќи од Археоблог и онака започнува сe она што треба да значи популаризација на културното наследство.  Но јас сум некој многу чуден канал. Кога ќе се помножам, поделам и соберам, одеднаш се метаморфозирам во алгоритам кој прави невообичаени интимни односи со блогосверата. Згора на тоа ме сакаат пребарувачките алатки на Интернет и моите постови се појавуваат на првите страници од google.

Сега кога сум комплетно независна на своја платформа, не можеш да ме замолчиш, не можеш да ме забраниш, не можеш да ме уништиш. Го нема повеќе ни Трендо да ме банира на Блогерај, а ниту Блогер МК да паѓа. И како дури сега ќе ме разликуваш од оние кои се ,,вистински медиуми”?

Ова е само еден мал дел од мојата перцепција за тоа што е блог, оти е крајно глупо да се поставуваат било какви дефиниции. Претпоставувам на крајов од текстов се прашувате каде е тука Гебелс во целата оваа прикаска. Истиот оној Гебелс кој толку многу придонел за ,,развојот на медиумите”. Епа него го загинав помеѓу илјадниците написи, блогови и сајтови, врежени и линкани на еден медиум, кој всушност и не е медиум, а чија витруелна митоза е побрза и од најпрефриганата местастаза.

Добредојдовте во нашиот свет :)

Напомена - текстот е директно инспириран од коментарот на Роберто Беличанец оставен на блогот Комуникации и колумната на Венко Андоновски - Гебелс и Камениот Медиум.

напишано во Администрација, Археологија, Медиуми, Мои размисли за..., Политика | 6 Коментари