Во продолжение следат некои мои изреки за археологијата и културното наследство, или изреки на други личности толкувани во мој контекст.

***

Каменот е најдобриот молчалив пријател на човекот.

Денес не е толку важно она што може да се знае за археологијата, туку како да се објасни она што веќе се знае.

Времето нема почетоци, историјата нема граници, а македонската археологија нема здравица! :)

Што би рекол Делчев, широко ви поле интернетско. Па орајте култура!

Македонскиот етнос е како како хард-диск кој со текот на вековите апсорбирал кодови и ги вткал во сопствениот фолклор.

Се додека во катастарот на умот го селектирам минатото, ќе спијам со очи широко отворени.

Во “земјата” нема ништо ново. :D

Кариерата на секој археолог лежи во рушевини.

Во Македонија е поисплатливо да се копа археолошки локалитет, отколку да се ора со трактор (Паско Кузман).

Археолозите се експерти за откопување, ама и за закопување. :)

Оff line изjaвa на “некои македонски археолози” – “Ќе го направиме Скопското Кале поубаво и постаро” :D

Почвата под нас може да ни даде многу информации. Затоа треба да бидеме крајно внимателни, зошто ние всушност постојано газиме врз нашите археолошки докази. Но според Леонардо да Винчи – “Повеќе знаеме за движењето на небеските тела отколку за почвата под нашите нозе”.

Јас ќе ја создавам македонската археологија секој ден на интернет. Се до моментот додека не почнам да ја деконструирам.

Нема поента било каква караница по светов. Бидејќи освен неколку луѓе кои ја насеселувале Африка и онака сите сме емигранти.

Најдобро заштитен археолошки локалитет во Македонија, е неископан локалитет.

С(ве)тот околу нас е археологија.

Dig what you can, where you are, with what you have (Theodore Roosevelt). :D

Можам колку сакам топици да создадам на тема македонската археологија и новите медиуми. Оти за несреќа во моментов, само јас и ги создавам.

***

Се поттикнуваат читателите долку имаат некоја своја мудра мисла на темите за македонската археологија и културното наследтво, да ја остават во коментар на сајтот или на мејл.