Дома Cпонзорирано Кога си дел од историјата – Пивара Скопје одбележа 99 години од...

Кога си дел од историјата – Пивара Скопје одбележа 99 години од своето постоење

832 views
0

Пивара Скопје го прослави својот 99 роденден, благодарение на документите кои во 2019 со ХАЕМУС ги пронајдовме во Архивот во Белград. Дури и логото на компанијата беше променето по нашето истражување. Соработката на ХАЕМУС со Пивара Скопје трае повеќе од 3 години. Среќна сум што зад себе оставам моменти кои во историјата се вредни за паметење и се радувам што сум дел од оваа успешна приказна!  🍻 🇲🇰

Текстот е првично објавен на сајтот на Пивара Скопје АД.

НАЗДРАВУВАМЕ ЗА 99 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА, ЗА ПРЕПОЗНАТЛИВИОТ КВАЛИТЕТ, ЗА ВРЕДНОСТИТЕ ШТО НÈ ОБЕДИНУВААТ, ЗА УСПЕСИТЕ КОИ СОЗДАЛЕ ИСТОРИЈА.

Ви благодариме на сите што сте дел од оваа автентична приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Чувството на гордост произлегува од вредностите кои нѐ обединуваат, од тимскиот дух и лидерството.

Прославуваме за препознатливиот квалитет на нашите производи, за љубовта која ја градиме кон нашите брендови, за иновативноста и искуствата кои секојдневно ги создаваме за нашите купувачи и потрошувачи, за позитивното влијание кое го оставаме во заедницата. Прославуваме за нашата посветеност, бидејќи сè она што го работиме, го правиме со огромна страст и желба за постојано надградување.

По овој повод со Вас споделуваме ретки и едни од најзначајните документи за Пивара Скопје, за кои истражувавме и пребарувавме повеќе од 3 години во балканските архиви со тимот на Центарот за научни истражувања, ХАЕМУС:

  1. Документот од левата страна е повик во Службен весник за запишување на 30.000 акции во Парна Пивара А.Д во Скопје во филијалата на Прашката Кредитна банка во Белград и
  2. Агендата на Собранието на акционери од 2 септември 1922 година

Да наздравиме за уште многу заеднички успеси и моменти кои се вредни за паметење, ЗА НАС!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име