Home Историја Црно-бели фотографии од Старата скопска чаршија од 1915 година

Црно-бели фотографии од Старата скопска чаршија од 1915 година

342 views
0
Copyright by artlexicon.mk

Во овие чудни пандемични времиња, ми недостасува џагорот во Старата скопска чаршија, мирисите на зачините, гордоста на спомениците, воодушевените лица на туристите … но најмногу од сѐ ми недостасува едно затскриено балконче во срцето на стариот град, кое гледа на едно од плоштадчињата. Скромно надвиснато над крошната од едно дрво како мала изолирана оаза, ми го дава мирот како да сум во некоја друга димензија. Кој имал привилегија таму да пие кафе со мене, многу добро го знае чувството. ☕️

Со оглед на староста на куќата каде се наоѓа ова балконче, претпоставувам дека морало да постои некаде околу 1915-1917 година кога е направена една извонредно професионална колекција на фотографии од непознат фотограф кој најверојатно бил испратен да направи фото серија за Македонија која подоцна би се објавила во во некоја книга или списание во Германија.

Според Влатко Милошевски, сопственик на оригиналните фотографии и пасиониран трагач и колекционер на ликовни уметнички дела: „композицијата, светлото, аголот, но и техниката на развивање на фотографиите е врвна. Фотографот ни ја доловува атмосферата на улиците од Скопската стара чаршија, пазарите на текстил, волна, антики, иконостасот на црквата Свети Спас, скопските џамии и анови, калето и кејот на Вардар…“.

Милошевски љубителите на уметноста го препознаваат на интернет по независниот проект „Артлексикон.мк“, каде катадневно на својот сајт објавува материјали кои ги собирал изминатите 15-ина години. Неговиот фокус на интерес ја покрива работата на странските сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850-1950 година и резултира со обемна колекција на повеќе од 200 оригинални уметнички дела, ретки печатени материјали, репродукции и уметнички книги, пропратени со блог на којшто ги објавува приказните за авторите на делата, но ги споделува и своите виртуелни патешествија како ги открива и доаѓа до нив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here