Дома Интернет Панел дискусија: Заедничкото културно наследство – фактор за меѓукултурен дијалог на Балканот

Панел дискусија: Заедничкото културно наследство – фактор за меѓукултурен дијалог на Балканот

1,355 views
0

На 22.12.2020 како директор на ХАЕМУС, зедов учество во дебатата на Регионалниот форум „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ кој како онлајн настан беше организиран од ALDA – European Association for Local Democracy – Skopje во соработка со Balkan Network for Local Democracy, а под покровителство на Western Balkan Fund. На форумот имаше и други претставници од граѓански организации и културни и едукативни институции, кои на Балканот сериозно работат на овие тематики.

Јас говорев во петтата сесија којашто беше насловена како “Заедничкото културно наследство, фактор за меѓукултурен дијалог на Балканот”. Визуелизирајќи ги SCUPINI ROMANI и Проектот „Баба Марта“ кои се долгогодишни програми и брендови на ХАЕМУС, го ставив акцентот на важноста од регионалната соработка за промоција на културното наследство, бидејќи тоа е еден од моделите за успех на проекти кои имаат големо значење за Балканот.

Настанот беше организиран преку zoom платформата и беше пренесуван во живо на Фејсбук. Подолу е видео записот од целата дебата.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име