Дома Културно наследство Јавни дебати: Да инвестираме во футуризмот

Јавни дебати: Да инвестираме во футуризмот

1,380 views
0

Да инвестираме во футуризмот:
Културните пејзажи на еден пост-социјалистички град

Во катастрофалниот земјотрес од 1963 г., уништени се преку 85% од станбениот фонд и преку 80% од културно-историските објекти во Скопје. Обновата е овозможена со помош од тогашните југословенски републики и од странство, со што Скопје станува град на меѓународната солидарност. Во тоа време Скопје бил замислено, а потоа и изграден како пример за модерен, футуристички, социјалистчко – утопистички, југословенски град. Остатоците од оваа замисла и ова Скопје се видливи во материјалната, како и во нематеријалната култура на градот.

Во многу од пост социјалистичките држави се одвиваат дебати за архитектурата и за симболизмот на ова културно наследство, но и за неговиот потенцијал. Во Скопје, социјалистичкото културно наследство, често стои како игнорирано, наспроти ново произведеното културно наследство.

Токму поради тоа, на 22 ноември со почеток во 19:00 часот во Кино Култура ќе се одржи настанот „Да инвестираме во футуризмот: Културните пејсажи на еден пост социјалистички град“ во организација на Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ во соработка со форумЗФД.

За време на настанот, ќе се прикаже документарниот филм „Betonski Spavači: Епизода Скопје“, во продукција на Хулахоп од Загреб, Хрватска. По филмот, ќе се одржи панел дискусија, на која ќе се разговара за предизвиците за зачувувањето на социјалистичкото наследство, неговата промоција и потенцијал. На панел дискусијата ќе учествуваат:

1. Валентино Димитровски – Раководител на одделение за движно културно наследство при Управата за заштита на културното наследство
2. Д-р. Љупчо С. Ристески – Институт за етнологија и антропологија.
3. М-р. Василка Димитровска – Директорка на ХАЕМУС.
4. Наум Трајановски – Кандидат за докторски студии на Школата за општествени истражувања при Полската академија на науките.
5. Д-р. Ана Ивановска-Дескова – Архитектонски факултет
6. Модератор: Билјана Волчевска – Проектен менаџер во форумЗФД.

Овој настан ќе ги адресира прашањата: како пост – земјотресно и социјалистичко Скопје и неговото културно наследство се дефинирани во јавниот и професионалниот дискурс? Какво знаење се инвестира во ова наследство? Дали се работи на општествено прифатливи и позитивни начини за справување со ова културно наследство, така што нема да биде грубо игнорирано или целосно избришано од јавниот простор? Која е причината за (не)интересот за социјалистичкото, материјално – културното наследство и неговата монументална уметност? Кој е културниот, економскиот и општествениот потенцијал на ова минато и како тоа се вклопува во денешните урбани планови и современото осмислување на просторот?

Настанот е дел од поголем проект на ХАЕМУС во соработка со форумЗФД насловен „Зборува радио Скопје“.

Линк до Фејсбук настанот: https://bit.ly/2X1psbH

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име