Home Археологија Серија на ексклузивни предавања за „Меѓународниот ден на археологијата 2018“

Серија на ексклузивни предавања за „Меѓународниот ден на археологијата 2018“

337 views
0

 

Драги љубители на археологијата и на културното наследство,

заедно со ХАЕМУС – Центар за научни истражувања и промоција на културата, на 17.10.2018 год. (среда) со почеток во 19:00 часот во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, ќе организираме серија на ексклузивни предавања повод „Меѓународниот ден на археологијата 2018“.

Дел од атмосферата за време на Меѓународниот ден на археологијата во 2014. год. Видеата може да се погледнат тука

Настанот е од промотивен карактер и се прави во соработка со Archaeological Institute of America, една од најголемите и највлијателните стручни археолошки организации во светот, a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство кое потекнува од нашата држава. Меѓународниот ден на археологијата е светски настан кој ја слави археологијата и ја подигнува свеста за неа како наука, во исто време обезбедувајќи можност за учество на јавноста во археолошките активности и дебати. Говорниците на овој настан ќе имаат свои презентации од по 15 мин. по што публиката ќе има можност да ги прашува и да дебатира на зададената тематика.

Меѓународниот ден на археологијата за 2018 во Република Македонија е во организација на УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО за „Отворени образовни ресурси“ (ООР), како и под мотото на Европската година за културното наследство. Настанот е кофинансиран од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на годишната програма за култура за 2018 година.

Влезници: За да се присуствува на настанот потребно е претходно да се набави влезница. Поради ограничениот простор за седење, влезниците ќе бидат пуштени онлајн во лимитиран број по 20.09.2018.

Говорници на настанот:

1. Д-р Лидија Ковачева (ЕвроБалкан, Скопје)
    Чумата низ антиката, Византија и средновековието и нејзиното восприемање во македонските народни преданија

2.  Јулијана Иванова (Локален археолошки и историски музеј „Теракота“, Виница)
    Мистеријата на виничките „икони“

3. Д-р. Олгица Кузмановска (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет, Институт за физика, Скопје)
   Небото над Кокино и неговото значење за ритуалите од бронзеното време

15 минути пауза

4. Аница Ѓорѓиевска (НУ Завод и Музеј Битола, Битола)
    Хераклеа Линкестис – Бисер на антиката

5.  Душко Темелковски (НУ Завод и Музеј Прилеп, Прилеп)
    Стибера – Македонската Помпеја

6. Д-р Никос Чаусидис (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Институт за историја на уметноста со археологија, Скопје)
   „Речни народи“ во Северното Принцрноморје и во Македонија

Официјални линкови:
http://haemus.org.mk/international-archaeology-day-2018/
https://www.archaeological.org/events/28835
Фејсбук страница за настанот: во подготовка

Во 2016 за Меѓународниот ден на археологијата со ХАЕМУС ја организиравме „Игра на тронови – едукативна тура за Кокино“. Повеќе инфо за настанот има тука

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here