Home Документарни филмови Снимање на документарец со телевизијата на Associated Press

Снимање на документарец со телевизијата на Associated Press

315 views
0

AP се можеби една од најдобрите водечки новински агенции во светот, додека пак APTN (Associated Press Television News) е глобална видео-новинска агенција што исто така ја води Асошиетед прес и има повеќе свои филијали на повеќе континенти. Тие преку својата програма нудат широк спектар на уникатни видео приказни за разни делови на земјината топка, а овој пат во фокусот на интересот падна и Македонија.

На 8 мај 2018 година во центарот на градот Скопје, снимав промотивен документарен филм за македонското културно наследство токму со APTN и тоа за онаа филијала којашто го опслужува Блискиот Исток. Со ова снимање беа покриени неколку важни историски, археолошки но и туристички локации како Камениот мост, спомениците во Старата скопска чаршија и Скопската тврдина, позната кај мештаните и како Скопско кале. Штом се работи за филијала на APTN која се емитува на Блискиот Исток, претпоставувате дека главната цел беше да се претстави богатото културно наследство на Скопје од отоманскиот период, бидејќи овој туристички документарец е наменет да се дистрибуира токму во овој дел на светот. Според информациите кои ги добив, наесен продукцијата на овој документарец ќе биде завршена, а потоа ќе следи негова дистибуција преку мрежата на AP.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here